ЗА НАС


Фоја е приватна компанија основана во 2005 година од Христина и Ѓорѓи Самарџиеви, која вклучува:
Градинарски центар, расадник и оперативна канцеларија преку која се нудат и координираат различни хортикултурни  услуги на територијата на Република Македонија.
Вклучува 40-тина вработени, професионалци во својата област.
ФОЈА проектира, изведува и одржува најразлични пејсажни проекти од цветни корита, паркови до кровни градини.
Создавајќи креативни решенија и рационални предлози за различни типови на градини.
Во своето портфолио има проекти изведени за физички лица, компании, амбасади, јавни институции и други општествени организации.
Тимот на Фоја го карактеризира големо искуство, врвен професионализам и капацитет да креира решенија адекватни на секој простор и различни услови.
Во градинарскиот центар посетителите се секогаш добродојдени, можат да добијат бесплатни совети за градината, терасата или домот, за специфичноста на секое растение и условите кои ги бара, како и препорака како и каде да се насади.
Посветеноста и страста со која се пристапува кон работата е причина зошто градинарскиот центар е едно од омилените места за посета на голем број на граѓани.
Фоја е место за пасионирани заљубеници  и љубопитни  новајлии во градините, растенијата и убавите работи. Место за сите луѓе кои веруваат во хармонијата и спокојот на природата!

Градината е простор за уживање, место за релаксација и зближување,таму каде што пораснавме и каде што сакаме да растат нашите деца. За тоа вреди да се посветиме!

– Флорамисионери

* Флорамисионер

Вид збор: Именка, машки род
Значење: Тој што е посветен на растенијата, растителниот свет и природата со голема жар, во мисија.



Убав и уреден двор, лаванда.

ФОЈА МИСИЈА


Нашата мисија се издржани, квалитетни и рационални решенија,
адекватни на просторот и  потребите на нашите клиенти.
Деловните односи ги градиме преку : професионализам, доследност и доверливост.
Произведуваме и пренесуваме поинаква и поголема вредност на `Зелените Простори`.
За економски, социјален и еколошки бенефит
за нас… нашите клиенти…  нашата држава… нашата планета.

Потпис:  *Флорамисионери


ЛОКАЦИЈА И КОНТАКТ


КОНТАКТ:

БОРИС ТРАЈКОВСКИ 152А 1000, СКОПЈЕ
е-mail: fojako@gmail.com
ТЕЛЕФОН: +389 2 2772 046
+389 78 225 897 – Продажба
+389 78 362 969 – Администрација

АДРЕСА:

БОРИС ТРАЈКОВСКИ 152А 1000, СКОПЈЕ

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Понеделник- Сабота : 08-18ч.
Недела и Празници: 08-17ч.