ЦВЕТЕН РАСАД


(Едногодишни растенија)
Растенија кои од моментот на нивното р`тење до нивното природно угинување (сушење) вегетираат една или две годишни.
Во периодот на активно вегетирање се карактеризираат со брз раст и долго континуирано цветање. Како на пример (Begonia spp. Petunia spp. Impatiens spp. и многу други).

Се садат во корита ,саксии или директно во земја, заради атрактивноста ,колорот и долготрајноста на цветовите. Со нивно групирање во бордура или на отворена површина создаваме `моќни` впечатливи композиции кои го привлекуваат погледот и со посебен белег ги украсуваат објектите и просторот.
Зависно од видот сите имаат различни морфолошки и физиолошки карактеристики.
Но за повеќето од нив важи дека успешно се развиваат и бујно цветаат во оптимално прилагодени почвени и амбиентални услови. Ровка хранлива почва(тресет), незаразена од болести и штетници ,при редовно полевање и доволно сончева светлина.

You've just added this product to the cart: