Со Политикатата на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.foja.com.mk  и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:

  • Име и презиме
  • e-mail адреса
  • Адреса за испорака на нарачката и
  • Телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на  С. Република Македонија.
ФОЈА  го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата ФОЈА- КО дооел Скопје  се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во ФОЈА-КО се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење,  сигурно и лесно купување.

foja.com.mk користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

ФОЈА КО дооел

Адреса: Ул. Борис Трајковски 152А

Тел: 02 2772 046 / 077 559 969

email: onlineshop@foja.com.mk

WEB: www.foja.com.mk

Трансакциска с-ка: 300000002146161

ЕМБС: 6796001

ЕДБ: 4030005546657

Шифра на дејност: 47.76 Tрговија на мало со цвеќе, садници, семе, ѓубриво, домашни миленици и храна за нив во специјализирани продавници.