ПЕЈЗАЖНО УРЕДУВАЊЕ


Планирате да го уредите,озелените Вашиот двор, тераса, канцеларии?
Ние Ви нудиме повеќе решенија:

1. Бесплатно советување
Закажете детална презентација во нашиот градинарски центар.
Со задоволствоќе Ви ги презентираме сите погодни растенија и градинарски додатоци.

2. Брза скица
На закажаната детална презентација во нашиот градинарски центар. Понесете фотографии од широк агол од повеќе места на Вашиот двор. Земете груби мерки од просторот. Ќе Ви ги презентираме растенијата, ќе разговараме, ќе Ве советуваме и ќе изработиме рачно, брза скица на едно потенцијално пејзажно решение. Оваа услуга во времетраење до 45мин. не се наплатува.

3. Пејзажен проект
Пријавете се преку нашиот формулар или директно во нашиот градинарски центар, дека сакате пејзажен проект.
Ќе Ве контактираме и најдоцна во рок од 1-5 дена ќе извршиме посета и увид на местото предмет на уредување. Ќе ја скенираме постојната вегетација, ќе земеме мерки. И најдоцна за 5-7 дена можеме да Ви го презентираме Пејзажниот проект. Кој вклучува скица во размер, детали, легенда на предвидени растенија, обработени фотографии со идеен изглед и првична премер понуда. Вака спакуваниот презентиран и предаден Пејзажен проект се наплатува авансно зависно од плоштината и деталите. Доколку понудата е прифатена или набавите растенија од кај нас во минимален износ од 35 000 денари, уплатената сума за Пејзажниот проект се смета како аванс и се одзема од вкупниот износ на испорачани растенија.

Немате искуство во хортикултурата ?
Имате многу отворени прашања?
Тимот на Фоја е тука за Вас!



ПОШУМУВАЊЕ И ЗАТРЕВУВАЊЕ


Планираме и реализираме пошумувања и затревување на голини, санација и рекултивација на ерозивни подрачјa.
Во договор со клиентите им обезбедуваме и ги снабдуваме со соодветен посадочен и семенски материјал
или комплетно вршиме реализација преку пошумување и затревување.
Затревувањето на поголеми површини од 3 Ха. го изведуваме преку Хидрозасејување (со воден топ).

Најнапред ги анализираме почвени и климатски услови на предметните локации:
Појаси покрај автопатишта;
Рударски јаловишта;
Отворени ископи;
Искористени површини во каменоломи и речни корита;
Полезаштитни појаси од ветер и снежни наноси;
Шумски плантажи за производство на дрвна маса и сл.
Во согласност со очекуваните ефекти од планираната рекултивација изготвуваме план и понуда за реализација за секоја специфична локација пооделно.