КРОВНИ ГРАДИНИ


Дефицитот од дворни површини ја наметнува потрeбата за парче природа во станбеното домување.

Искористете јаможноста извесна површина од Вашата тераса или кров да ги претворите во зелени површини.
Крвовните градини се секојпат уникатно пријатно место за престој и релаксација.
Вашиот објект со кровна градина секојпат има поголема вредност од реалната.Зависно од просторот и можностите , растенијата може да бидат посадени во саксии, корита, жардиниери или директво во почва врз квалитетни лесно монтажнидренажно акомулациони панели за екстензивни и интензивни кровни градини.Кровните градини се декоративни, многукратно функционални и исплатливи.

Бенефит и предности на кровните градини:

     Оптимизирање на просторот, креирање на животна средина, микро биотоп.

     Пријатен амбиент за оние кои престојуваат и оние кои однадвор ја гледаат градината.

     Зголемена изолација на просториите под кровните градини од екстремни ниски и високи температури.

     Намалена потрошувачка на енергија за греење и ладење.

     Спречува прекумерно загревање на крововите.

     Го редуцира ефектот на стаклена градина.

     При поројни дождови споро ја дренира водата во одводот, на тој начин спречува поплави.

     Растенијата ја пригушуваат околната бучавост.

     Ефикасна и долготрајна заштита на кровната изолација.

     Значајна комензативна мерка за заробениот простор под објекти.



Карактеристики на екстензивни градини:
Лесно и повремено одржување на зеленилото.
Висина на целиот систем вклучително супстрат (земја) и растенија
вообичаено е 10-15см.

Се користат растенија кои се издржливи и отпорни на екстремни климатски влијанија топлина,суша и мраз.
најчесто видови од родот Sedum spp; Sempervivum spp;  Зачински билки и Треви перени.
Топлите и долги лета во Р Македонија се причина овие градини да се полеваат во текот на вегетативната сезона.


Карактеристики на интензивни градини:
Редовно се полева и одржува зеленилото, како кај стандардните паркови и градини.
Висината на супстратот (земјата) е доволно длабока 20-50-80см и дозволува подигање на тревници,
можност да се садат дрвја и грмушки.


Постапки и редослед на изработка на кровна градина
Кровните градини се подигаат на рамни или благо коси кровови по претходно завршена водонепропусна изолација.
Доколку поставената изолација во својот состав не содржи компонента против корења.
Преку неа се постила заштитна фолија од корења.
Потоа се поставуваат соодветни дренажни ролни или панели,
кои имаат улога да задржуваат одреедена количина вода и вишокот да го пропуштаат.
Независно од типот на градината за нашите климатски услови
редовно препорачуваме поставување на систем за полевање.
Врз панелите и системот за иригација се нанесува специјален супстрат.
Во исто време се поставуваат ,патеките за движење, ревизионите шахти и периметарската дренажа.
Како последна фаза, на крајот се садат растенијата.