ДРВЈА


Повеќегодишни дрвенести растенија со изразено едно или повеќе стебла.
При пејзажното уредување на урбаните површини, дрвјата се доминантни и носечки `елементи` кои го дефинираат и карактеризираат амбиентот на еден парк или градина.
Секојпат се настојува здравите постојни дрвја да се задржат и вметнат во новиот проект. Неопходни фасцинантни и драгоцени сите стари дрвја имаат непроценлива вредност.
Бидејќи нивна копија или идентична замена е невозможна. Секаде онаму каде што постои можност треба да се посадат нови соодветни дрвја.
За секоја потенцијална или нова позиција најдобро е однапред да се одбере соодветен вид,
кој успешно ќе расте на одредената позиција и со своите биолошки развојни карактеристики корен, крошна и габарит.
Низ годините, нема да пречи и предизвикува штети на инфраструктурата и објектите.
Трговските ознаки и кратенки за дрвјата – садници произведени во расадник се:
*Видот на дрвото (латинско и народно име) ? ……………..На пр: Betula pendula – бела бреза
*Како е произведено или како е спакуван коренот:
гол корен, бусен или во саксија (контејнер)?……………………….. контејнер/литри /Clt 50
*Височината на дрвото (без корен или саксија)?……………………..300/350 см.
*Од каде почнува крошната:
стеблото е без гранки во височина 200cм и потоа започнува крошната ….`Стандард`/ Full Std.
стеблото е без гранки во височина 100cм и потоа започнува крошната ….1/2`Стандард`/ 1/2 Std.
гранките се присутни по целото стебло од долу до врвот ………. ` Пердув `/ Feathered
*Дебелината, односно обемот на стеблото во сантиметри: ………… 8/10 ; 12/14; …20/25 и тн.

You've just added this product to the cart: