ОВОШКИ


Традиционално и најчесто овошките се растенија-домаќини во руралните и урбаните градини. Обично посадени од постарите членови во фамилијата.
Тие се провлекуваат и во новите пејзажни преуредувања, што е сосема во ред. Бидејки покрај тоа што даваат плодови тие поседуваат извонредни декоративни особини, како цвет, форма на крошна, текстура, есенска боја на лисјата и тн.
Сопоред помолошката поделба класифицирани се во неколку групи според плодот и географската распространетост:
ЈАБОЛКОВИДНО ОВОШЈЕ (јаболка, крушка, дуња и мушмула..)
КОСКЕСТО ОВОШЈЕ (сливи, праски, кајсии, цреши , вишни.. )
ЈАТКАСТО ОВОШЈЕ (бадем, лешник, орев, костен..)
ЈАГОДЕСТО ОВОШЈЕ (малина, капина, дудинка, јагода, рибизла, боровинка…)
СУПТРОПСКО ОВОШЈЕ (маслинка, смоква, калинка) (: лимон, портокал, мандарина..)
ТРОПСКО ОВОШЈЕ (банана, ананас, авокадо, кокос..)
Под терминот `овошје` мислиме на плодот, а со `овошка` ја именуваме садницата.