ПЕРЕНИ


Растенија кои живеат повеќе од 2 години, обично ниски не продуцираат дрвна маса.
Во вегетативниот период формираат надземна лисна маса и во одреден период од годината цветаат, а во текот на зимата мируваат или пак целосно им се суши надземниот дел и напролет повторно од кореновото јадро избиваат нови, млади листови. Како на пример (Dianthus spp.- каранфилче; Chrisanthemum spp.- хризантема ; Hemerocallis spp. – домашен крин и мн.други).
Атрактивни се заради нивната лисна маса и цветовите. Се размножуваат со семе, резник (гранче) или со делење(двоење). Лесни се за одгледување. Покрај основната нега не смее да дозволиме да ги обраснат диви треви и коров. Постојат мноштво видови перени погодни за нашето климатско подрачје кои се адаптирани на сончеви, сенковити, суви и влажни позиции. Првенствено се одгледуваат заради нивната декоративна улога, но постојат видови кои имаат примена и во исхраната
(Пр. Thymus spp.- Мајчина душичка Mentha spp.-Нане и др.)

You've just added this product to the cart: