ДЕКОРАТИВНИ ТРЕВИ И БАМБУСИ


Декоративните треви се повеќе се дел од урбаното пејзажно уредување бидејќи се лесни за одржување и претсатвуваат универзален `материјал` со кој може да се постигнаат разновидни амбиентални формации. Од ефект на степа до тропска градина.

Дури и како фокусна точка Пампасот – Cortaderia sellona, често се сади осамено во тревна површина или покрај вода.
Ниски сорти како Carex evergold или Juncus spiralis со колоритни или извиткани листови одлично се комбинират со цветен расад.
Повеќето видови се адаптираат на различни почвени услови. Некои од нив преферираат сенка или полусенка како Liriope spp. Но на повеќето им годат отворени сончеви позиции. Брзо згуснување се постигнива со прихрана, почесто полевање и неколкукратно кратење на лисната маса. Кај листопадните видови во февруари –март, сувата лисна маса се отстранува најмалку половина од вкупната висчина.Се размножуваат лесно со делење на коренот на повеќе единки.

Декоративните треви од кои се очекуваат цветови не треба да се форсираат со (азотни N) ѓубрива.

Бамбусите спаѓаат во фамилијата на треви ( Poaceae ) Доминираат со својата атрактивност, егзотика и моќ. Постојат минијатурни видови 0,5м. до 1м. како на пример – Pleioblastus pygmaeus . Со среден раст до 4-6м. -Phyllostachys aurea . И високи над 10м.-Phyllostachys vivax. Се шират брзо, спаѓаат во групата на инванзивни растенија. Се препорачува садење во ограничен простор или во саксии. По неколкугодишно одгледување во една саксија пожелно е пресадување во поголема или редуцирање на густиот сплет ризоми и повторно садење во истата саксија со додавање нов плоден супстрат. Отпорните видови бамбуси можат да опстанат на -20̊/-25̊ С и важат за зимзелени до полузимзелени. Во случај на екстремни минусни температури листовите можно е да се исушат и паднат, но напролет повторно пролистуваат

Не се пронајдени производи кои одговараат на вашиот избор.

You've just added this product to the cart: