SEMPERVEL - инстант вегетативни модули


• Инстант вегетативните модули Семпервел се парче природа во урбаниот лик на иднината.
Наменети се за брзо и лесно подигање на екстензивни и полуинтензивни  кровни градини.

• Семпервел е дренажно акумулационен елемент, односно вегетативен модул. Наменет за инстатно и лесно подигање на кровни градини.

•Семпервел е квалитетен инстант вегетативен модул, лесен за монтажа, патентиран индустриски дизајн, новитет на пазарот во Македонија, Балканот и делови во Европа.

•При подигање на конвенционални кровни градини кои се изработуваат во најмалку 3 фази, со Семпервел, истите фази се заменуваат со само 1.

А притоа, се заштедуваат средства и време.

Иднината на урбаното живеење 

* Sempervel

Зборот “sempervel” е кованица од латинските зборови
semper – со значење: секојпат, вечно и
velarium – со значење: стреа… space sp
Преносно секојпат жива, зелено-зимзелена покривка.


Sempervel e македонски производ
Патентиран дизајн и изработка на Фоја Ко

Употребата на ваков модул е најмалку 30 % поевтина
и 3 пати побрза наспроти досегашните екстензивни градини кои се изведуваат на традиционален начин.



Инстант вегетативните модули Семпервел се парче природа во урбаниот лик на иднината.
Намената на кровните модули е да можат да се поставуваат на било која рамна подлога (кров, тераса) со минимална претходна подготовка на теренот.
Oвој тип на зеленило е наменет за непроодни тераси или позиции каде има повремено или слабо движење.
Се употребуваат како готов производ, со што заменуваат повеќе постапки и материјали, кои се применуваат кај стандардниот начин на подигање на кровни градини.

• Дренира и акумулира 

    Потребна количина на вода

• Брза и лесна монтажа 

    Нема потреба од дополнителни чекори

• Издржливост  

    На притисок и изложеност на надворешни влијанија

• Инстант ефект  

    Веднаш по поставување на објект





Како Функционира?


Функционира како пластичен дренажно –акумулационен елемент
(модул), кој во долните мембрани се исполнува со вулканска лава,
врз која се поставува геотекстил.
Потоа се исполнува со специјален супстрат и се сади со зимзелени,
нискорастежни, повеќегодишни растенија. (перени-покривачи).

Имаат капацитет да задржуваат вода, вишокот се дренира по
хоризонтала и вертикала, низ отворите на модулот.
А извесна количина за на вода се задржува во мембраните на дното

sempervel4

sempervel

Семпервел може да се „пренамени“ во полу-интензивна кровна градина.
Каде на одредени позиции со додавање на суспрат во висина до 60 цм, се формираат т.н „островца“ за садење на нискорастежни дрвја или грмушки.

Карактеристики на модулот:



•ИЗРАБОТЕНИ СЕ ОД БИОРАЗГРАДЛИВ МАТЕРИЈАЛ

УВ стаблизирана , полиетиленска пластика ( PE ) .
Материјал кој е отпорен на механички притисок, екстремни температури и се одликува со голема еластичност и пластичност.
Со што овозможува добра цврстина на модулот.
Што овозможува подложност на газење и постојана изложеност на високи и ниски температури
без намалување на издржливоста на вегетативниот модул.
Воедно модулот е подложен и за рециклирање по неговата употреба.


• ЕДНОСТАВНО СПОЈУВАЊЕ

Спојувањето на модулите е едноставно, без потреба од дополнителен алат, споеви или лепила.

На самите модули се излеани „јазичиња“ од две страни на модулот
и отвори од спротивните две.
Со што се овозможува нивно спојување на различен начин од било која страна и да е поставен модулот.
Овој механизам ја обезбедува потребната цврстина при спојувањето.



• ЛЕСНО ОДРЖУВАЊЕ

Одржувањето на панелите е едноставно.
Одржувањето се состои од :
– Полевање : Целосно самостојно со поставување на систем за полевање
Или мануелно : Во текот на летниот период или во период на вегетација,
потребно е полевање 1-3 пати / неделно.
– Плевење: 1 / месечно
– Косење: 1 / годишно после цветање
– Ѓубрење: 1 / годишно ( 30 -50 гр / м2 со NPK 15-15-15 или NPK 20-20-20 )


Зошто кровни градини?


Се почесто слободните површини се намалуваат за сметка на станбените и деловни објекти.

Па како компензативна мерка решение се бара во модифицирано хортикултурно уредување
на крововите и терасите.

Ваквиот начин на озеленување  на крововите и терасите е иднината на хортикултурното уредување  

Кровните градини се светски хит во урбаната хортикултура.
Декоративни, многукратно функционални и исплатливи.




Кои се бенефитите од кровните градини?


• Оптимизирање на просторот

креирање на животна средина-микро биотоп

• Се намалува потрошувачката на енергија

• Се зголемува векот на издржливоста на изолацијатa

• Се намалуваат поплавите при обилни врнежи

бидејќи еден дел од водата се задржува во сусптратот и елементите, а преостанатиот се дренира, споро по природен пат.

• Се подобрува звучната изолација

• Спречува прекумерно загревање на крововите

• Се подобрува микро климата и квалитетот на воздухот
Се прочистува од амбиентална прашина и загадување

• Пријатен амбиент

 Се прочистува од амбиентална прашина и загадување


•  Значајна компензативна мерка
за заробениот простор под објекти

Какви видови се употребуваат?


Може да бидат посадени зимзелени, нискорастежни повеќегодишни растенија –Перени.
Овие видови се погодни за одгледување на ваков начин бидејќи се издржливи растенија кои не бараат голема грижа. Од нив постои голем избор на различни видови и комбинации.

Растенијата се одбрани видови кои издржуваат екстремни климатски влијанија со минимално одржување.
Се употребуваат видови од родот Sedum, но и други видови.


ЗОШТО СЕМПЕРВЕЛ Е НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ?


1
Семпервел ги заменува сите елементи за подигање на екстезивни кровни градини, со само 1 чекор.

А со тоа ги намалува средствата, времето и ресурсите за 30 %
1

КОНТАКТ:

БОРИС ТРАЈКОВСКИ 152А 1000, СКОПЈЕ
е-mail: sempervel@foja.com.mk
ТЕЛЕФОН: +389 2 2772 046
+389 78 225 897 – Продажба
+389 78 362 969 – Администрација

АДРЕСА:

БОРИС ТРАЈКОВСКИ 152А 1000, СКОПЈЕ

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Понеделник- Сабота : 08-17ч.