Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.
Оваа интернет страна, со домеин www.foja.com.mk, во сопственост на ФОЈА КО ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Борис Трајковски бр152А , Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.foja.com.mk, внимателно да ги прочитате. ФОЈА не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.
Фоја Ко ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република С.Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република С. Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането.
Фоја КО може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. ФОЈА КО ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во нашиот Градинарски Центар ФОЈА.
Foja.com.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот foja.com.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.
Фоја на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. foja.com.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. Foja.com.mk ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
ФОЈА може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, ФОЈА не се смета за одговорна за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од Законот за авторски права, клевети, приватност, навредливост или друго.
ФОЈА го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите информации во врска со трансакцијата купувач – продавница ФОЈА, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република С. Македонија.
Називот ФОЈА КО е заштитен трговски знак на ФОЈА КО ДООЕЛ и забранет за секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. ФОЈА КО ДООЕЛ ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак ФОЈА КО ДООЕЛ. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на ФОЈА КО ДООЕЛ и се заштитени со авторско право и сродните права.
Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.
За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за моменталниот изглед и формата на производот.
ФОЈА КО ДООЕЛ го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:
- Постои ризик од губење на важни информации при преводот
- Нема иста или слична терминологија на македонски јазик
Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ФОЈА КО ДООЕЛ ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ФОЈА, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 077 559 969 кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail info@foja.mk
Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.foja.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
ФОЈА го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
За купување на производи преку www.foja.com.mk важат редовните малопродажни цени. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на ФОЈА. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ФОЈА има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.
Подршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 077 559 969 кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail onlineshop@foja.com.mk
Политика на испорака на производи
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.
Испораката се врши преку компанија за тренспорт на пратки, цената зависи од дестинацијата за испорака и тежината на пакетот за испорака.
За секоја нарачка, ќе добиете известување за цената на испорака.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака.
ФОЈА го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.
Пратките се доставуваат до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во недела и празниците доставната служба не испорачува.
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.
Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во Сабота по 16 часот ,недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да нè информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 077 559 969 или на нашата електронска адреса onlineshop@foja.com.mk
и тоа во рок од 24часа од моментот на доставувањето
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, заедно со сите приложени документи. Доколку има доцнење на испораката или оштетување од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ФОЈА не може да превземе никаква одговорност.
Купувачот има право да врати купен производ во период од 3 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, со сите ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот. Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, видот, бојата. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА ФОЈА КО, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ