Зошто е важно Вашата компанија да има убав и уреден двор ?
Зошто е важно Вашата компанија да има убав и уреден двор ?
Вашата компанија да има убав и среден двор
Уредените дворови придонесуваат до поголема продуктивност и подобар имиџ во јавноста.
Како да создадете подобар имиџ на својата компанија и да привлечете нови клиенти?!
Е едно од прашањата кои си ги поставува секој сопственик на бизнис, како и генерален менаџер.
Постојат повеќе фактори и еден од нив е просторот пред компанијата.
Средениот двор продуцира и привлекува добри енергии.
За една компанија, убаво уредениот двор е најдобра промоција пред клиентите и посетителите.
Тоа покажува карактер, грижа за изгледот на потесната околина, изразена еколошката димензија на доброто корпоративно управување….
Со навидум една слика, дело (креација) компанијата кажува милион зборови.
Секоја компанија која сака да обезбеди раст на својот бизнис, треба да инвестира во уредување на своето дворно место,
влезови, тераси и канцеларии.
Партерното зеленило на деловниот објект е еден вид
хоризонтална фасада на објектот.
Неговата складна синтеза со архитектурата на објектот и просторот првенствено рефлектираат моќна слика, која што на прв поглед го привлекува вниманието.
Пејзажно убаво уредените партери се помнат, остануваат во меморијата на луѓето и секојпат подолго го задржуваат нивното внимание.
Дополнително природниот амбиент предизвикува пријатни чувства кај посетителите кои директно ги поистоветуваат со имиџот на компанијата.
Вашата компанија да има убав и среден двор
Инвестицијата не секогаш значи дека треба да биде голема, доволна е рационална идеја за да се добие посакуваниот ефект.
Тоа е мала инвестиција во споредба со ефектите во блиска иднина.
А за тоа секако треба да се соработува со пејзажни ескперти, кои ги знаат тајните на правилното уредување на зелените површини!