Прирачник за садење во лето: Подобрување на пејзажот !
Прирачник за садење во лето: Подобрување на пејзажот и на високи температури
Летото не е само за наводнување и косење – всушност може да биде неверојатно наградувачко време за внесување нова структура, текстура и боја во Вашата градина.
Иако топлите и сушните периоди можат да го направат градинарството попроблематично, многу групи растенија всушност добро се развиваат во овој период. Садењето во текот на потоплите месеци бара малку повеќе внимание на наводнувањето, но му дава можност на кореновиот систем брзо да се вкорени во топлата почва.
Овој е еднинстветниот прирачник за садење во лето што Ви е потребен со се што можете да посадите за да го подобрите Вашиот пејзаж.

• ЦВЕТНИ ГРМУШКИ
Цветните грмушки се едни од најкорисните додатоци во летната градина бидејќи тие обезбедуваат структура, боја и сезонски интерес.
Кога се садат во лето, тие ја фокусираат својата енергија на воспоставување и зајакнување на корените пред целосно да се посветат на раст над земјата.
Откако ќе се засадат, тие често бараат помалку одржување од едногодишните сезонски цвеќиња, а нудат прекрасен приказ од цветови од година во година.
Садењето во лето им дава доволно време да се адаптираат пред да дојдат постудените месеци.
Цветни грмушки идеални за летно садење :
• Spiraea jap.’goldmound’
• Weigela fl.’red prince’
• budleja davidii
• nerium oleander
• rudbeckia fulgida
• hydrangea paniculata
• hypericum inodorum



• ЛИСТОПАДНИ ДРВЈА
Еден од највредните и најтрајните елементи на пејзажниот дизајн се дрвјата!
Дрвјата се меѓу најбараните за секоја градина, нудејќи широк спектар на придобивки што се протегаат многу подалеку од нивната визуелна привлечност.
Со безброј достапни варијанти, тие можат да се компатибилни на практично секој стил на градина, големина на простор или преференции за дизајнот.
Без разлика дали се користат како фокусни точки, да формираат сенка, како паравани за приватност или структурни елементи, дрвјата играат важна улога во создавањето избалансиран и привлечен надворешен простор.
А истите можете да ги садите и во лето. Единствено што треба да направите е да обрнете повеќе внимание на обилно полевање директно во коренот.
• Prunus cer.nigra – Црвена слива
Листопадни дрвја идеални за летно садење :
• CATALPA BIGNONOIDES
• ACER PLATANOIDES – јавор млеч
• ZELKOVA SERRATA
• FAGUS SYLVATICA – Бука
• POPULUS TREMULA – ЈАСИКА
• ALNUS CORDATA – евла





• Декоративни треви
Декоративните треви се особено погодни за садење во летниот период бидејќи нивниот највпечатлив период е токму во летото.
Поради големата прилагодливост ги прави одлична опција за градинарите кои со минимална нега сакаат да додадат текстура и движење во пејзажите.
Кога се садат во лето, декоративните треви брзо се вкоренуваат со доволно редовно полевање особено во раните фази. Откако ќе се вкоренат, тие стануваат многу отпорни на топлина и суша.
Декоративни треви идеални за летно садење :
• PENNISETUM
• CAREX MORR.’GOLDBAND’
• ELYMUS GLAUCUS
• CORTADERIA SELLOANA
• FESTUCA AZURIT
• eRAGROSTIS SPECTABILIS



• ЗИМЗЕЛЕНИ ГРМУШКИ И ЧЕТИНАРИ
Сакате градина што изгледа уредно, зелено и впечатливо во секое годишно време? Зимзелените грмушки и четинарите се совршен избор. Тие внесуваат природна елеганција, создаваат приватност и додаваат структура во просторот, без да ја губат својата убавина ниту во најстудените месеци.
Летото е одличен период за нивно садење, особено ако растенијата се одгледувани во саксии. Топлата почва овозможува побрзо развивање на кореновиот систем, а со редовно полевање особено во првите недели тие лесно се прилагодуваат и продолжуваат со здрав раст.
Без разлика дали планирате природна зелена ограда, декоративен агол или сакате да додадете зимзелени акценти во дворот, четинарите и зимзелените грмушки се избор што ќе го разубавува Вашиот простор со години. Откако ќе се вкоренат, тие бараат минимално одржување, а нудат максимален визуелен ефект, сезона по сезона.
• Prunus laurocerasus
Зимзелени грмушки и четинари идеални за летно садење :
• photinia fr. red robin
• Euonymus japonucs
• NANDINA DOMESTICA
• juniperus horizontalis
• PINUS MUGO
• cUPRESSUS SEMP.’stricta’
• thuja danica




Секое засадено растение е чекор кон поубава градина !
Летните услови не се пречка кога ќе ги изберете вистинските видови растенија. Со малку планирање и соодветна нега, Вашата градина ќе остане зелена, шарена и полна со живот, претворајќи го секој сончев ден во можност да уживате во природата.
Во Фоја има од овие садници и многу други кои можете да ги посадите уште веднаш !
Разгледај на нашата онлајн продавница
📍 Или посети не на Ул. Борис Трајковски 152А , Скопје. Од понеделник до Сабота : 08-17ч.



За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата.
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897




