САДЕЊЕ ВО ЛЕТО – ШТО СЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ
САДЕЊЕ ВО ЛЕТО – ШТО СЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ
Има моменти кога кршењето на правилата е добра работа, како што е долгогодишното верување дека садењето во лето е неуспешно.
Точно е дека во пролет и на есен е најпогодно садење за сите видови садници , но тоа не значи дека и во лето не можете успешно да посадите нови растенија.
Ова правило важи за одредени видови како што се растенија со гол корен , садници кои што се тукушто размножени или пак пресадување на садници кои што се веќе добро закоренети во почва. Овие типови точно е дека не може да се садат во текот на летото , бидејќи се подложни на стрес при садењето.
Но, сепак летните температури не значат дека не можете да продолжите со садење и да ги да ги пополнувате и разубавувате празните места во вашата градина со растенија и тоа навистина успешно.
Прочитајте во прилог што се треба да знаете за садење во лето.
• Одберете контејнерска садница
За успешно садење и прифаќање на садниците во лето , важно е да одберете садница која е одгледувана во саксија.
Кога саднците се одгледани во саксија тие се добро вкоренети и со добро развиен густ и компактен коренов систем.
Ова ќе овозможи успешно прифаќање и нема да предизвика стрес на садницата иако ја садиме во лето.
• Одберете правилна позиција
Ова не значи само за садењето во текот на летниот период, туку за садење во било кој период од годината.
Најважно за садење нови садници е да ги посадите на позиција која што им одговара на одбраните садници .
На пример : Садници кои не издржуваат високи температури , треба да се посадат во сенковити позиции.
Видови за кои што знаеме дека во текот на зимата треба да се заштитат / внесат во потопла просторија , се садат во соодветни саксии. Се со цел да се овоможи лесно пренесување кога температурите ќе паднат .
Па затоа, пред да одберете некоја садница затоа што ви се допаѓа изгледот , консултирајте се со експерти за барањата кои ги има или проверете online.
Ние ви стоиме на располагање секогаш за бесплатна консултација и совети 😊
• Полевање, полевање, полевање!
Полевањето е еден од најважните фактори во текот на целата година, безразлика дали тоа е садење во лето или во пролет.
Осигурајте се дека добро ќе ги полевате садниците веднаш по садењето.
Во летото важи едно правило , обидете се да ги полевате садниците рано наутро или во текот на попладневните часови.
Но , доколку забележите дека на некоја садница и е потребно веднаш вода , полејте !
Доколку садницата е завената , ставете вода директно во коренот и иако е во текот на денот кога температурите се високи , нема да згрешите
напротив ќе направите подобро!
Полевање на нови ,тукушто насадени садници.
Секогаш е препорачливо веднаш одкако ќе ги насадите садниците да полеете обилно, а во летниот период ова е задолжително!
• Период на садење
Доколку сте во можност одберете облачен ден кога температурите се пониски или пак садењето направете го во раните утрински часови или попладне.
Со тоа ќе избегнете можен стрес на садниците а и ќе овозможите и полесна работа и за вас 😊
• Зошто да садите и во лето?
Во летниот период сите имаме по некој плус слободен ден кој можеме да го искористиме за да ја разубавиме градината, терасата или да направиме некој нов дел во градината.
Исто така , многу садници во текот на летото се во својата најдобра форма, па така можеме веднаш да овозможиме боја или целосно раззеленета садница и да го добиеме вистинскиот ефект.
Во Фоја има толку мнооооогу садници кои можете да ги посадите уште веднаш !
Разгледај на нашата онлајн продавница
📍 Или посети не на Ул. Борис Трајковски 152А , Скопје. Од понеделник до Сабота : 08-17ч.
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897