КАКО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ПРИРОДНИТЕ НОВОГОДИШНИ ЕЛКИ?
Со секоја елка придонесуваме кон мала промена!
ДОДЕКА ЕЛКАТА Е ВО ЗАТВОРЕНА ПРОСТОРИЈА:
• Местото каде што ќе стои елката треба да биде подалеку од грејни тела.
• Одржувајте ја влажноста на воздухот, за елката да не страда од сувиот воздух.
• Полевајте (во коренот ) оптимално и редовно 1-2 пати во период 7-10 ден. Количината на вода одредете ја според топлината во просторот и испарувањето. ( одприлика 1-3 лит.)
→ Што покус период елката е во топла просторија ( 2-3 недели) , толку поголеми се шансите за прифаќање на садницата при садењето и се намалува можноста садницата да претрпи стрес.



ПО ПРАЗНИЦИТЕ:
• Веднаш по празниците, преместете ја елката во поладна просторија или извадете ја елката надвор. Иако можеби нема веднаш да ја посадите..
•Искористете ја првата можност за садење и посадете ја елката кога земјата не е замрзната.
КАКО ДА ЈА ПОСАДИТЕ?
• Ископајте дупка поширока од коренот и извадете ја садницата од саксијата…
•Засадете ја садницата во дупката, осигурувајќи се дека ја имате точната длабочина. Коренот и стеблото не треба да се поставени подлабоко во земјата отколку што биле во саксијата.
• Пополнете ја дупката со почвата и наводнете обилно.
• Доколку сте во можност, ставете органска прекривка, (мулч, декоративни дробени шишарки, дрвени струготини, борова кора…) околу основата на дрвото.




Секако доколку Ви се потребни повеќе информации , нашиот тим е подготвен да Ви помогне!
info@foja.com.mk I 077 559 969
Со секоја Eлка придонесуваме кон мала промена!
Природната Елка која во текот на Новогодишните празници беше домашен декор , сега ќе претставува нов филтер во природата.


Следете не на социјалните мрежи за да бидете во тек со сите новости!
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897




