Како до убав двор со минимално одржување?
Како до убав двор со минимално одржување?
Taјната на убавите дворови е во нивното одржување.
Одржувањето на градините е главен фактор за изгледот и за убавината на истите.
Секако за правилно одржување најчесто се потребни поголеми ресурси во однос на финансиски средства, време, знаење.
Но, за среќа постојат начини како да се доведе одржувањето во градината до минимум.
Погледнете неколку начини како можете да го намалите одржувањето во градината:
1.Намалување на тревните површини
Тревниците во хортикултурата се на врвот на пирамидата во одржувањето.
За нив е неопходно интензивно одржување, како: полевање, често ѓубрење и косење, аерација,
Со намалување на тревните површини, многукратно се намалува одржувањето
2.Поставување декоративен камен или декоративна органска покривка (мулч)
Површините кои што се покриени со декоративен камен или мулч , со претходно поставена агрофолија, спречуваат појавување на див коров.
Каменот и мулчот освен што се практични, истотака се и декоративни во градината. Постојат голем број начини на комбинирање и постаување:
Околу растенија, формирање патеки, мурали, едноставни групации… и.т.н
3.Растенија кои не бараат големо одржување
Постојат голем број на растенија кои виреат речиси “самостојно“.
Едни од ваквите растенија се Декоративните треви и некои видови зимзелени покривачи
Декоративните треви ја наоѓаат својата намена во скоро сите градини. Има голем избор и различни видови.
Внесуваат контраст и боја во дворовите, ги разубавуваат и освежуваат просторите.
Со поставување на декоративни треви во градината, можете едноставно да покриете поголем простор.
4. Навремено одржување
Сепак, во секоја градина има потреба од одржување, иако тоа е минимално.
Најдоброто решение и најлесниот начин за убав двор е навременото одржување.
Доколку на време се извршат потребните операции, понатаму работата се намалува
*Доколу имате било какви прашања,во однос на тоа што и кога треба да се направи, контактирајте не .
Советите се секогаш бесплатни.
Тимот флорамисионери.