Колор терапија со растенија
Колор терапија со растенија
Колор терапија со растенија
Во тренд се растенија во јаки бои и многу шаренило,истите освен што ги разубавуваат домовите и градините , имаат и своја симболика.
Погледнете кое е значењето зад боите на растенијата кои секојдневно ги гледаме:
Колор терапија со растенија
1.Црвена
Иако црвените цветови најчесто се поистоветуваат со чувства на вистинска љубов и страст , исто така може да се пренесе почит, желба и храброст.
Постојат многу видови кои имаат црвени цветови, секако најчесто среќаваните се розите , но постојат и : Anthurium, Kalanchoe, Primula, Hibiscus, Dianthus,Peralgonium,…и многу други
2.Жолта
Цветовите во жолта боја симболизираат благодарност, пријателство,креативност и почит. Исто така честопати се среќаваат како симбол за среќа и радост.
Одличен подарок за работно место, за изразување на благодарност и почит за завршената работа.
Внесуваат топлина и добра атмосфера во домот и придонесуваат до поголема продуктивност.
Постојат голем број на растенија со жолта боја на цветот како : Forsythia, Phalenopsis, Primula, Ranunculus , Begonia barkos, Rosa…
3.Розева
Розевите цветови се симбол за нежност, разиграност и чувствителност.
Традиционално се поврзани со женственост , па многу често се среќаваат во букети и декоративни аранжмани. Без разлика на формата на цветот, начинот на комбинација и видот розевите цветови се секогаш декоративни и впечатливи.
Розевите цветови се одличен подарок за партнери , роднини и пријатели…
Растенија кои имаат цветови со розева боја има во изобилие. Ги издвојуваме: Ружи, Azalea,Dianthus, Begonia,Hibiscus,Hydrangea,Phalenopsis, Prunus Kanzan,Magnolia soulangeana, Erica Carnea…
4.Бела
Белите цветови претставуваат симбол за искреност и совршенство. Најчест подарок за искажување доверба и почит.
Белите цветови се едни од најчесто среќаваните во невестински букети и аранжмани, токму поради симболиката која ја имаат.
Видови кои имаат бели цветови се: Spathiphyllum, Rosa, Phalenopsis, Gardenia,Hydrangea,Magnolia grandiflora, Azalea, Begonia Barkos….
5.Сина
Сините цветови претставуваат симбол за спокојство и благосостојба. Исто така, честопати се поврзани и со креативноста и размислувањето.
Одличен подарок за колеги и пријатели.
Иако не се среќава често, цветови со сина боја во различни варијанти имаат : Хризантеми, Caryopteris, Ajuga Repens, Clematis, Vinca minor, Aster skies,Phlox subulata,Lobelia…
6.Портокалова
Портокаловата е смела и живописна боја, па не е изненадување тоа што подарувањето на растение со портокалови цветови симболизира ентузијазам, радост, топлина и среќа.
Одличен подарок за семејството, партнери и пријатели.
Постојат голем број на растенија кои имаат цветови во портокалова боја, како : Gerber, Hemerocalis, Kalanchoe, Rosa, Primula, Chrysanthemum,Tagetes…
7.Виолетова
Виолетовата боја се смета за „Кралска“ боја, симболизира достоинство, успех и традиција.
Па така, претставува одличен подарок за пригодна свеченост и одбележување на достигнувања и успеси.
Дел од растенијата кои имаат цветови во виолетова боја се: Lavanda, Budleja, Dianthus,Wisteria ,Clematis,Verbena bonariensis,Echinacea Purpurea…
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897