НЕДЕЛА НА ДЕКОРАТИВНИ ТРЕВИ
Недела на декоративни треви!
недела на декоративни треви
Декоративните треви можат да се користат за грандиозен ефект во нашите градини, од обезбедување релаксирачко присуство насадени до групи од цветни растенија до единствениот фокус на пејсажот.
Возбудливите декоративни треви се разноврсни растенија во секој пејзаж што можат да обезбедат загарантирана убавина во сите четири сезони.



Ова се едни од најдобрите видови што треба да ги посадите во вашиот двор и да уживате во грациозноста што ја имаат кога ќе пристапи нежно ветре.
Погледнете што ви препорачува Фоја во следниот прилог.

Впечатливото сребрено-сино зеленило на оваа декоративна орнаментална трева е впечатливо во секој пејзаж.
Високо ефикасно кога е посадено близу растенија со виолетови, жолти цветови или растенија со смарагдно зеленило.
Шилестите листовите енергично се шират и е исклучително корисно за брзо пополнување на големи површини и за спречување на ерозијата.
Толерантни на многу топлина и преферираат целосно сончеви позиции но се приспособуваат и на полусенковити позиции, со што ќе се истакнат сините нијанси до својот максимум.




Исто така наречено Коњско опавче , е декоративна трева.
Има вертикални зелени стебла со хоризонтални ленти, кои потсетуваат на бамбусови стебла, но стеблата се слаби, како висока трева.
Неговиот вид потекнува од пред околу 350 милиони години.
Еквизетумот е еден од најизджрливите видови кога станува збор за потребата од вода.
Претставува сушоотпорен вид, кој и доколу се исуши и да го заборавите да го полеете нема да се исуши.
Тој исто така расте во влажни услови, па дури може да расте и во вода.
Поради оваа причина, често се користи за уредување на градини со вода или мочурливи области каде што малку други растенија можат да преживеат.
Исто така, најчесто се одгледува како акцентентирана бордура или во големи саксии како фокална точка, со што се препорачува садење во саксии за да може да се регулира инвазивниот раст.




Меѓу разновидните сорти на декоративни треви, Miscanthus sinensis е многу ценета во градината.
Со својата величествена силуета и со монументална градба, пердувести цветови и прекрасна златно жолта боја, Miscanthus sinensis доминира со изгледот во градината.
Високата украсна трева инспирира како стилска самостоја садница или декоративно придружно растение на разнобојни цветни повеќегодишни растенија или пак други зимзелени садници.




Неверојатна синo-лисна зимзелена трева која бара полно сонце за да ги изнесе своите најсилни азурни бои.
Вистински се истакнува посадена во алпиниуми, како ниска бордура или засадена во карпести предел од градината. Одлично растение за саксии и жардиниери, самостојно или посадено во комбинација од цветни растенија со вибрантни бои.




Cortaderia Seloana – Пампас трева
Грандиозна и ексцентрична Cortaderia Selloana или народно позната како Пампас трева е повеќегодишна декоративна трева.
Тенки листови со остри шилести врвови кои се густо распоредени во вид на фонтана, а особено барана поради нејзините кремаво жолти пердушести цветови кои често се користени и како режен цвет во домовите.
Исклучително атрактивен вид кој во секоја градина може да се издвојува со својата декоративност и впечатливост. Внесете егзотика на сончеви позиции во градината и гледајте како расте и до 2.5м во висина.




Pennisetum декоративните треви се високо ценети поради начинот на групирање од пердушести четкасти цветови распоредени над уредно каскадно зеленило.
Бојата и текстурата ја менува доцна во лето и почеток на есен во впечатлива златна.
Високо декоративен и лесен за одгледување, тие се прекрасни и сами,а и во комбинација со разни видови растенија директно посадени во почва или во саксии.
Најмалото ветре создава движење и игра во градината.
Добри се за топли суви предели во градината посадени на сончеви до полусенковити позиции.
Одличен вид за одгледување во егзотични градини, покрај базени, фонтани.



Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897