Орнаментални треви – секогаш во тренд
Орнаментални треви – секогаш во тренд
Дали има по впечатлива групација од растенија од орнаменталните треви?
Драматични, егзотични, декоративни и интересни, на свој начин во секој период од годината.
Доцна во летото, сезона која за сезонските цветници не е веќе интересна, декоративните треви блескаат.
Многу можности за комбинации, декоративни и впечатливи во секоја, својата убавина и декоративност ја интерпретираат токму во овој период од годината. Нивните лелеави движења при ветрот и отсјај од сонцето се воодушевувачки.
Одвоивме неколку од нив , кои се трофеи на топлите сезони , видови кои се издржливи на високи температури, сонце и суша дел од нив со златесто-жолтите нијанси,полека ја наговестуваат есента.
Погледнете ги во прилог:
1. Мiscanthus sinensis
Атратктивна декоративна трева , со густи зелени листови во текот на летото, и пердушести цветови , кои доцна на есен се во златна боја.
Одличен вид за егзотични градини, покрај базени, фонтани, во комбинација со други видови или индивидуално.
Формира интересна бордура, за внесување текстура помеѓу грмушки и перени, или едноставно како фокусна точка.
2. Pennisetum
Егзотична и декоративна, повеќегодишна орнаментална трева.
Во текот на летото има густи зелени листови , кои доцна во лето и на есен ја менуваат бојата во впечатлива златна.
Одличен вид за одгледување во егзотични градини, покрај базени, фонтани.
Може да се комбинира со други видови или да се одгледува индивидуално, во саксии или директно во почва.
Впечатлива и декоративна во многу комбинации.
3. Stipa tenuissima – „Мексикански пердув“
Интересна и декоративна трева, која на пролет е со зелена боја, и на есен се менува во златна боја.
Најдобра местоположба за одгледување е сонце до полусенка.
Во групација со други растенија, претставува интересен и впечатлив елемент.
– Во текот на зимата, треба да се заштити.
4. Dianella Tasmanica ‘Variegata’
Воодушевувачки декоративна трева.
Одличен вид за внесување на контраст во градината.
Има крупни впечатливи сребрено зелени лситови, прошарани со бели линии на краевите.
Вид кој многу лесно се комбинира со други растенија, но и самостојно доминира во градините.
Се одгледува на сончеви позици.
Потеклото на оваа трева е од Австралија, каде што е многу често се среќава во домашните градини и паркови.
5. Festuca azurite
Многу позната и често среќавана декоративна трева, која воодушевува со својата боја и декоративност,
Може да формирате многу интересни комбинации.
Едноставна за одгледување, не бара големо внимание.
Може да се одледува на сончеви позиции и позиции во полу сенка.
Во саксии или директно во почва.
Бојата на азуритот во вашата градина.
6.Carex oshimensis
Декоративната трева Carex ќе ја разбуди Вашата креативност… тие се одлични за комбинирање со други растенија и за формирање на различни формации, од ефект на степа до тропска градина.
Повеќегодишна декоративна трева.
Дава колорит во градината, едноставна е за одгледување, не бара посебни услови.
Може да се одгледува на скоро секакви позиции.
7.Cortaderia selloana- Пампас трева
Coraderia sellona или пампас трева претставува раскошна трева, која по потекло е од Јужна Америка, од регионот наречен Пампас, по кој и го добила името.
Листовите и се тенки, со остри врвови и густо распоредени во вид на фонтана. Цвета со кремаво-жолт цвет, кој по форма наликува на пуфка.
Таа е брзорастечка трева која не бара некои посебни услови за одржување. Откако ќе прецвета дршката од цветот се сече до основата. Во зима лисната маса се суши, добива кафено-златна боја.
8. Liriope muscarii
Повеќеодишна декоративна трева – перена со тенки долги темнозелени листови и виолетови цветови, кои се јавуваат во доцно лето – есен и од кои подоцна се формираат црни бобинки. Одличен избор за сенковити позиции. Растение со минимални потреби, а голем егзотичен ефект.
По потекло е од Источна Азија.
Одличен вид за фромирање ниски бордури, во комбинација со други видови или самостојно.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897