Топ 10 најпродавани растенија во 2019
Топ 10 најпродавани растенија во 2019

1. Thuja Smaragd
Повеќегодишна зимзелена садница.
Одлична за подигање на зелена ограда, но се одгледува и самостојно или во комбинација со други видови.
Се одгледува на сончеви позиции и не бара преголема нега.

2.Photinia Red Robin
Декоративна зимзелена грмушка.
Најчесто се користи за подигање на зелени огради, но се одгледува и самостојно.
Со својата декоративност и впечатлива боја ја разубавува секоја градина.
Погодна за кроење и обликување.

3. Lavandula augustifolia
Цветна декоративна грмушка.
Вид кој се среќава скоро секаде и ги разубавува градините со својата декоративност и со пријатниот мирис.
Лесна и едноставна за одгледување.

4.Salix Babylonica
Листопадна декоративна садница.
Вид брзорастечка врба, која е одлична за садење во дрвореди или самостојно ккао фокална точка во дворот.
Лесна за одгледување, може да се одгледува на скоро секакви позиции.

5. Gaura Lindheimeri
Цветна декоративна грмушка.
Цвета во текот на целото лето, погодна за сончеви позиции.
Исклучително декоративна грмушка.

6.Cupressus Leylandii
Зимзелена повеќегодишна садница,
Одлични за формирање зелена ограда.
Погодни за кроење и за одгледување на скоро секакви позиции.

7.Аcer palmatum ‘Bloodgod’
Црвениот јапонски јавор може да ја разигра и разубави секоја градина.
Со впечатливата боја, компактна форма на растење е растение кое секоја градина треба да го поседува.
Издржлив вид, кој не бара голема грижа. Успева на скоро секакви почви и позиции.

8.Carex Oshimensis
Повеќегодишна декоративна трева.
Исклучително интересна во било која комбинација , исто и доколку е посадена самостојно.
Дава колорит во градината, едноставна е за одгледување, не бара посебни услови.
Може да се одгледува на скоро секакви позиции.

9. Juniperus horizontalis
Зимзелени, декортивни садници.
Исклучително лесна за одгледување.
Се користат за формирање ниски бордури, како покривачи или во комбинација со други растенија
Може да се одгледува директно во почва или во саксија.

10.Equizetum Hyemale
Интересна и декоративна трева.
Со сличен изгед како трска, која и дава егзотика и невообичаен изглед на градината.
Брзорастечко растение , кое е исклучително лесно за одгледување.
Успева и на многу сончеви позиции.