Тревници-Градинарска љубов на долги патеки.
Тревници-Градинарска љубов на долги патеки.
Сите обожуваме кога ќе видиме голем, убав, зелен и кадифен тревник како фудбалско игралиште.
Дава чувство на уредност и среденост, не?
Но, за таа убавина е потребна огромна посветеност, време, ресурси и знаење.
Тревниците се наоѓаат на врвот на пирамидата во одржувањето, бидејќи бараат големо внимание, во текот на целата година.
Формирање тревник:
Често се поставува прашањето: До кога може да се формира тревник?
Не постои точно дефиниран временски период, најточната дефиниција е : кога дневните температури се движат над 10-15°C на пролет до 25-28°C на есен.
Вообичаено, временски тоа е од почетокот на Март до Октомври.
Формирањето на тревник исто така се одвива во неколку фази:
-Пред да се започне со формирањето, најпрво целата површина треба да се прочисти, односно да се отстрани дивата трева и коровот и истата да се преработи за да се добие ровка почва.Потоа се преминува на сеење. Соодветното тревно семе се сее рамномерно на површината во доза : 1 кг на 25/30m2. По потреба доколку има потенцијално штетни инсекти може да се аплицира земјишен инсектицид. И многу важно , по нанесувањето на тревно семе и другите додатоци,задолжително благо и минимално се покрива семето со земја или тресет.
Одржување:
За убавите тревници неопходно е интензивно одржување, како: полевање, ѓубрење,редовно косење, аерација и досејување на тревно семе.
Полевање:Колку вода е потребно за одржување на тревниците?
Тревниците бараат голема количина на вода и нивно често-секојдневно полевање ,
особено во летниот период кога температурите се високи.
Полевањето најдобро е да биде наутро или навечер.Дневно е потребно да се полеваат со 5-10 lit/ m2.
Аерација- всушност значи проветрување на почвата. Се врши од неколку аспекти и тоа :
Да се направи регенерација на постоечката трева и најважно да се ублажи крутоста на почвата.
Аерацијата може да биде рачна или машинска. Рачната аерација се изведѕва со тоа што со гребло се поминува низ површината со што се прават отвори преку кои се овозможува проток на воздух.
Најдобар период за да се извршува оваа постапка е рана пролет и рана есен.
Ѓубрење: Редовната прихрана е исто така многу важен фактор за еден убав и зелен тревик.
Прихранувањето на тревникот се изведува после полевање.
Акозтно ѓубриво се кориси за тревникот да добие убава и зелена боја.
Ѓубрењето се изведува, откако ќе се искоси тревата.
Сезонски со ѓубрењето најдобро е да се започне рано напролет и постепено се намалува количината и тоа колку често се прихранува. Па кон крајот на доцна есен се прекинува со прихранувањето.
*Бонус совет:Доколку се врши прихрана со азотно ѓубриво во грануларна форма,
тогаш се употребува 50гр/м2 и веднаш потоа се полева за да се раствори ѓубривото.
Косење:
Правилното и редовно косење на тревниците исто така е многу важен фактор за убав и квалитетен тревник.
Косењето овозможува згуснување на тревата, а се спречува и појавата на плевели.
По косењето најдобро е веднаш да се полее тревникот.
Тревници во сенка?
Иако често гледаме тревни површини во сенковити позиции. Не постои трева за сенка. Има видови на тревни семиња кои поднесуваат сенковити позиции, но сепак во длабока сенка кадешто нема воопшто дневна светлина, тревникот не може да успее.Тревниците бараат минимум 5-6 ч. дневна светлина.