Фоја совети- златни ритуали за по дома!
Моменталната изолација на секој од нас делува различно. Некои ги исчистија своите домови, некои почнаа со вежбање, а некои сè уште го бараат својот „издувен вентил“. Ако сте вие еден од нив, пробајте со една од овие 4 активности, со кои би можеле да си го пополните времето и да излезете од овој период позадоволни и посреќни.
Во период кога сите неочекувано добивме повеќе слободно време, можеме да си дозволиме да вложиме време во сите оние активности кои со месеци ги одложувавме. Од таа причина, во продолжение ви предлагаме како да бидете продуктивни и посреќни додека поминувате низ процесот на социјално дистанцирање.
„Онлајн кафе“ со пријатели
Иако мерките препорачуваат да избегнуваме непосредни контакти со луѓе, сепак тоа не значи дека не можете да се видите со вашите најблиски. При првиот слободен момент, направете вистинско, свежо мелено кафе и јавете им се на пријателите преку видео повик.
Така ќе ги разбудите своите, но и нивните чувства и ќе се потсетите дека никогаш не сте сами, што и да се случува околу вас. Посветувањето на внимание е најголемиот подарок кој можете да го подарите во овие моменти, бидејќи на сите нам ни е потребна поддршка и утеха во периoдот на социјално дистанцирање.
Нега на кожата
Од забавна активност преминуваме на грижа за себе, односно грижа за вашата кожа. Зачестеното миење на рацете периодов придонесува за побрзо сушење на кожата, што значи дека ви е потребна соодветна нега.
Двапати или трипати на ден, нанесете крема на раце која ќе ја хидрира и ќе ја зачува кожата на деловите кои се склони на сушење.
Прочитајте книга
Обично велиме дека не постои лош момент за читање книга, но не секогаш го имаме слободното време за целосно да се посветиме на неа. Сега, кога и онака сте дома, не е лошо да ја започнете книгата која толку време ја одложувавте. Завршете со дневните обврски, опуштете се и земете ја книгата в раце
„Вдомете“ растение или цвеќе
Грижата за растенијата ја зголемува свесноста за одговорност и пријатно влијае на расположението. Ќе бидете изненадени колку подобро ќе се чувствувате додека го гледате цвеќето како успешно расте, разубавувајќи го вашиот дом, тераса.
Да се грижиме за нешто е одлично, особено за оние кои немаат двор и не можат да имаат домашни миленици Ако сакате ново растение , повелете во ФОЈА од Понеделник до Петок отворено е од 8-15 часот.