Хероите на топлите лета
Хероите на топлите лета
И во текот на летото кога температурите се високи , имаме градинарски “херои“ кои ги разубавуваат градините, балконите, терасите.
Видови на кои им одговараат високите температури и сонцето, кои и во такви услови ги разубавуваат градините и ја достигнуваат својата декоративност токму во овој период. Нив ги нарекуваме градинарски херои.
Погледнете дел од нив во прилог
1. Hemerocalis fulva
Декоративна цветница, со впечатливи силно светли жолти цветови во текот на пролетта и летото.
Достигнува висина од 50-70 cm.
Може да се одгледува во саксии или дирекнто во почва.
Крупните и многу декоратнивни цветови кои ги има во текот на летото, можат да внесат боја и контраст во секоја градина.
Често се употребува за подигање ниски цветни бордури, во комбинација со други видови или индивидуално, или како фокусна точка во градината.
Во саксии може да се одгледува во комбинација со други цветници, зимзелени садници или декоративни, орнаментални треви.
2. Equisetum hyemale
Equisetum hyemale, народно познат како Коњско опавче, е интересна и декоративна трева.
Вид кој се одликува со голема издржливост и не бара големо одржување.
Mоже да се одгледува на сончеви или сенковити позиции.
Расте во висина до 100 цм. и интензивно се разгранува во ширина.
Препорачливо е да се одгледува во саксии, жардиниери и ограничени леи , заради инвазивниот раст.
Егзотични прачки , кои потсетуваат на стебла од бамбус, атрактивни и впечатливи,може да се комбинираат на многу начини.
3. Rosa europeana
Повеќегодишни цветни грмушки кои имаат прекрасни цветови кои сите ги познаваме.
Одржувањето е едноставно – Полевање , Редовно кроење на прецветаните цветови и повремена прихрана
Може да бидат посадени и на сончеви и на сенковити позиции.
Декоративна цветница со силна и впечатлива црвена боја на цветовите.
Може да се огдледува на исклучително сончеви позиции или позиции во полусенка.
Се одгледува во саксии или директно во почва.
Вид кој често се среќава низ голем број од градините.
Тhuja Smaragd
Брзорастечки вид, кој расте густо и компактно,одлично поднесува кроење па затоа е најчесто употребуван за зелени огради.
Многу лесно може да ја добиете посакуваната висина, а со малку повеќе искуство во кроењето и време можете да добиете многу интересни форми.
Освен за зелени огради, одличен вид е и за садење самостојно или во комбинација со други видови.
Може да се одгледува во саксии или директно во почва.
Одлично поднесува многу сончеви позиции.
И е отпорен на ниски температури.
5.Rudbeckia fulgida
Повеќегодишна цветница-перена.
Исклучително издржлив вид кој може да се одгледува на многу сончеви позиции.
Во саксии или директно во почва.
Во текот на целото лето воодушевува со своите впечатливи силно жолти цветови .
Вид кој често се употребува во цветни леи, во саксии искомбинирана со други видови, зимзелени садници , декоративни треви или други цветници.
Внесете ја бојата на сонцето во вашата градина со прекрасната Rudbeckia.
6. Echinacaea purpurea
Декоративна повеќегодишна цветна перена, со восхитувачки и многу декоративни розеви цветови кои ги има во изобилие во летниот период.
Исклучително издржлива на сончеви позиции и бара минимална нега.
дличен вид за неформални градини со природен изглед, или за комбинација со други видови, во саксии или дирекнто во почва.
Успева на скоро секаков вид почва , а се одликува и со голема отпорност на суша
7. Gaura lindheimeri
Добро позната, по својата атрактивност , издржливост и впечатливите цветови.
Во висина расте до 1 м, и подлежи на кроење.
Се одгледува на сончеви позиции или позиции во полусенка.
Не бара голема нега, освен секојдневно полевање.
Може да се одгледува во саксии или директно во почва.
Вид кој многу често се употребува за цветни леи и бордури, во комбинација со други видови или индивидуално.
Наликува на „полско цвеќе“ , кое се почесто се среќава во урбаната хортикултура.
8. Lavanda spp
Познатата декоративна грмушка, со впечатливи виолетови цветови.
Достигнува просечна висина од 50-80cm.
Вид кој се одгледува на сончеви позиции и позиции во полусенка
Подлежи на кроење, може да се одгледува во саксии или директно во почва.
Одличен вид за формирање ниски цветни бордури, алпиниуми, во комбинација со други видови или индивидуално.
Декоративни цветови и листови преку целата година.
Пријатен мирис во текот на цветањето.
9. Abelia grandiflora
Повеќегодишна цветна грмушка.
Едноставна и лесна за одгледување.
Цвета во текот на летото со ситни цветови во многу соцветија.
Може интересно да го оплемени просторот.
Се одгледува во саксии или директно во почва.
10.Berberis atropurpureum
Декоративнa повеќегодишнa грмушкa.
Постојат многу различни вариетети, но заедничко за секој од нив е тоа што се со јаки бои: црвена, портокалова, жолта. Со тоа внесуваат одличен контраст во градините.
Може да се комбинираат на многу различни начини:
Во комбинација со други растенија, како фокална точка во дворот,а многу често се употребуваат за формирање на бордури.
На било кој начин и да се посадени секако се впечатливи и декоративни во градината.
Исклучително издржлив вид на многу сончеви позиции и не бараат голема грижа.
Погледнете го и другиот голем асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897