Што да правите во градината кога температурите се високи?
Што да правите во градината кога температурите се високи?
Во текот на летото кога температурите се високи , не треба да заборавиме на градините.
Во вечерните часови , кога времето е пријатно за работење во градината, може да и се посветиме и да направиме неколку работи , кои во голема мера ќе придонесат до здрава и убава градина и во текот на летото.
Во прилог погледнете што се можете да правите :
1. Полевајте , обилно!
Една од најосновните работи е правилното полевање.
Кога температурите се високи, почвата многу побргу се суши ,па затоа е потребно почесто и обилно полевање , се со цел да ги одржите растенијата
во добра форма.
Полевајте ги растенијата соодветно, во текот на попладневните часови или рано наутро, кога температурите се малку пониски.
Најдобро е полевање дирекнто во коренот, не ги прскајте растенијата.
Доколку не сте сигурни за некој вид колку често и како треба да се полева, контактирајте не ќе Ве советуваме.
2. Ставете прихрана
За здрави и убави растенија, потребно е да ставате повремена прихрана, со која што ќе им ги овозможите сите потребни хранливи материи.
Растенијата ги апсорбираат хранливите материи од почвата а тоа овозможува, правилен и здрав раст и развој.
3. Проверете дали се присутни штетници
Проверете ги гранките, цветовите и листовите на растенијата дали се присутни некакви штетници-исекти.
Најчести показатели дека кај растението се присутни инсекти се:
-Промена на бојата и текстурата на листот
На листот се појавуваат дамки во друга боја и пожолтени делови.
– Појава на дупки на листовите
– Видливи бели точки и лепливост на листовите.
Доколку забележите појава на инсекти кај растенијата , веднаш истретирајте соодветно со инсектицид.
4. Внесете боја и свежина во градината
Посадете цветници кои во текот на летото ја разубавуваат градината.
Сезонски или повеќегодишни растенија- перени, цветни грмушки , кои ќе внесат свежина и боја во градината и во текот на топлото лето:
Такви растенија се : Rudbeckia fulgida, Echinacaea purpurea, Gaura lindheimeri, Rosa europeana…
5.Отстранете ги плевелите
Отстранете ги сите плевели и диви треви , кои ги “гушат“ растенијата, и ги одземаат сите потребни хранливи материи од почвата.
* Научниците велат: плевењето плевели и диви треви има смирувачко дејство.
6. Отстранете ги сите пресушени цветови и листови
„Исчестете“ ги растенијата од сите прецветани цветови и исушени листови, со тоа ќе го поттикнете растот на нови цветови и растенијата ќе изгледаат свежо и здраво.
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897