10 видови за добредојде на есента!
10 видови за добредојде на есента!
10 видови за добредојде на есента!
Кој рече дека можете да уживате во убави цвеќиња само во текот на пролетта и летото?
Само затоа што се ближи крајот на летото, не значи дека е крај на вашата градина .
Како што деновите стануваат пократки и температурите опаѓаат, време е да ги разубавите вашите цветните леи, а се што е потребно е да засадите неколку повеќегодишни и едногодишни растенија за да ја одржите вашата градина жива и обоена во сезоната на студени временски услови.
Се согласуваме дека пролетта привлекува најголемо внимание за ентузијастите во градинарството, но со есенската палета на бои ќе го стоплите просторот и ќе го ставите нејзиниот печат со убавите сезонски цветови, со кои погледот кон градината нема да биде досаден и непријатен во студените денови.
Затоа , одвоивме 10 видови со кои ќе и посакаме добредојде на есента , а истите ќе ја разубават Вашата есенска градина
1.Chrysanthemum
Хризантемите се главни во есенските градини.
Се чини дека штом воздухот се олади, сигнализирајќи го доаѓањето на есента настапуваат тие на сцена, прикажувајќи ги брилијантите вибрантни бои.
Тие се национален симбол на есенското изобилство и се издржливи повеќегодишни растенија, воедно лесен додаток за да дадете акцент на боја во пејсажот.
Со Хризантемите можете да имате бујна прекрасна есенска градина и да го прославите менувањето на годишните времиња.
Koја и да е Вашата омилена боја, за истата сигурно има соодветна Хризантема.
2. Calluna Vulgaris
Изобилие од бои, атрактивна и впечатлива.
Koга голем дел од растенијата се во хибернација, можете да се потпрете на прекрасната Калуна , да го разубави Вашиот простор.
Calluna е екстремно издржлив вид, кој не бара особена нега и кои ќе ве радува сигурно од година во година со само малку грижа.
Зимзелена грмушка во текот на целата година , а на пролет и во текот на есента изобилие од цветови – тоа е Вашата убавица – Калуна
Симболизира среќа, восхит и заштита.
Посадете ја во коминација со други видови или пак индивидуално, во саксија или директно во почва…
И дозволете и да завладее со просторот
А вие, да уживате во нејзината убавина.
3.Lagerstroemia indica – Индиски јоргован
Индискиот јоргован е украсно дрво со изобилство од цветови и убава зелена лисна маса.
Се издвојува цело лето благодарение на неговите прекрасни конусни цветови со силни бои.
Неговото цветање е многу долготрајно, и можете да се потпрете на вашиот Индиски јоргован да го краси пејсажот и да продолжи да цвета и да ја разубавува есенската градина.
Карактеристични се по тоа што се од поретките цветни растенија кои цветаат толку долг период, 60-120 денови.
Крајот на летото и есента , е време индиските јорговани да доминираат во градината
Пирокантата е декоративна грмушка, покривач, која се карактеризира со огнени црвени и портокалови бобинки и остри боцки – оттука и нејзиното друго име, огнена боцка (firethorn).
Исто така, произведува цветови во крем боја во пролет, што ја прави одличен примерок за внесување боја во вашата градина преку целата година.
Oва е прекрасна грмушка, лесна за одржување, пријател на животните и погодна за повеќето градини.
Силните бои на бобинките кои излегуваат сега во есенските денови ќе го разубават просторот со нивните топли бои и изобилство.
5. Мiscanthus Sinensis
Со монументална градба, цветови во форма на пердуви и прекрасно зеленило и во текот на есента, кинеската сребрена трева, Miscanthus sinensis доминира со изгледот и ја исполнува градината со мека, воздушна текстура.
Високата декоративна трева инспирира како стилско солитерно растение, декоративно придружно растение со шарени цветни повеќегодишни растенија или како разиграна бордура во пејсажот. Грациозно ја менува бојата на листовите како што настапува доцната есен и зимата, и претставува прекрасен детал во градината или терасата
6. Festuca glauca ‘Azurit’
Навистина разноврсна повеќегодишна трева, Festuca Azurit има сина нијанса која привлекува погледи и трае преку целата година. Може да се користи како акцентно растение, во масовни насади, саксии и алпинетуми.
Сината Фестука е исто така многу отпорна на суша, што ја прави оваа декоративна трева одличен избор за карпести градини.
Азурна боја, низок и густ раст одлично се комбинира во разни амбиенти со безброј комбинации особено со боите на есента.
7.Photinia frasseri ‘Red Robin’
Зимзелена, декоративна и исклучително издржлива садница,која преку целата година го разубавува просторот.
Есента е најдобрата сезона за садење на Фотиниите.
Одлична зимзелена грмушка со средна големина, идеална за жива ограда или екрани.
Атрактивен нов раст кој воодушевува со светло-бронзено-црвена боја на листовите во рана пролет, созревајќи до големи, темно зелени листови кои ги задржува преку целата година.
8.Sedum Spectabile
Големи впечатливи розови цветови во крупни топчести соцветија , се вистинско разубавување на просторот во градината или терасата.
А , толку едноставни за одгледување. Не бараат особена нега а возвраќаат со неизмерна убавина и декоративност.
Доколку имате простор во градината кој што сакате да го оплемените со густи и декоративни садници, а притоа да не вложите премногу грижа, одберете ја повеќегодишната перена Sedum Spectable.
Декоративните розеви цветови и крупни листови на Sedum spectabile, ќе ја исполнат секоја позиција и ќе внесат нов и уникатен декор
9.Berberis Thunbergii
Зарем има повпечатлива боја и по уникатен акцент во градината од огнено црвена грмушка?
Богато обоена црвена лисна маса со грациозно разгранување ја прави оваа прекрасно грмушка одличен вид за формирање впечатлива бордура или како единствен акцент во градината.
Силно црвени листови кои внесуваат прекрасна, топла боја во пејзажот и вистински контраст.
Листопадни повеќегодишни грмушки кои можат да се вклопат во секој сончев дел од Вашиот простор, особено во комбинација со разни други видови со силни бои за вистински впечаток на разиграност. Внеси боја и во твојата градина или тераса ,со само еден чекор – Berberis Thunbergii
10.Lavanda angustifolia – Лаванда
Популарните растенија Лаванда произведуваат формации од темно виолетови цветови што ги привлекуваат пчелите и пеперутките.
Густата зимзелена сива лисна маса Lavandula angustifolia е со сладок мирис и обезбедува влијателен акцент преку целата година.
Посадете ја во група со други видови или иднивидуално, направете комбинации во саксии со интересени декорации за престојниот Есенски период.
Уживајте во секој момент додека таа ви ги милува сетилата.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897