14ти Февруари – Денот на градинарите, виното и љубовта
14ти Февруари – Денот на градинарите, виното и љубовта
Во пресред на денот кој помеѓу градинарите е познат како Св. Трифун , еден од последните денови на зимата и предвесник на пролетта.
Период кога временските услови се идеални за садење и отпочнување со градинарските активности.
По тој повод Ви нудиме широк асортиман на растенија по промотивни цени:
Среќно, честито да го прославиме денот со засадување, пошумување и разубавување на градините!
Овошки
Висина: 120-130 cm.
Сливи, Круши,Јаболка,Праски,Кајсии, Мушмули, Орев, Дуња, Вишни,Цреши)
Овошките се убав декор во градината и одличен извор на здрави и вкусни плодови полни со витамини.
Начинот на одгледување е едноставен не бараат голема грижа освен полевање и повремена заштита.
Цена: 180 ден.
Thuja Smaragd
Висина: 10-15cm
Видот Thuja Smaragd е брзорастечки четинар, кој расте густо и компактно,одлично поднесува кроење па затоа е често употребуван за подигање зелени огради.
Освен за зелени огради, одличен вид е и за садење самостојно или во комбинација со други видови.
Многу лесно може да ја добиете посакуваната висина, а со малку повеќе искуство во кроењето и време можете да добиете многу интересни форми.
Цена: 60 ден.
Ружи
Ружи со гол корен, погодни за садење во овој период.
Повеќегодишни цветни грмушки кои имаат прекрасни цветови кои сите ги познаваме.
Одржувањето е едноставно – Полевање , Редовно кроење на прецветаните цветови и повремена прихрана
Може да бидат посадени и на сончеви и на сенковити позиции.
Цена: 150 ден.
Robinia pseudoacacia -Багрем
Најчесто употребуваниот вид за пошумување,заради одликата на брзорастечки вид.
Багремот е листопадно дрво , кое цвета во период од Април-Мај со декоративни и миризливи цветови.
Одличен за пошумување на косини и стрмни терени.
Се смета и за медоносен вид.
Цена: 20 ден.
Salix spp.
Висина: 200 cm
Врбите се едни од најбрзорастечките видови. Можат да пораснат до 3м годишно.
Одличен вид за формирање дрвореди и зелени појаси.
Цена: 180 ден.
Platanus spp.
Висина: 150 cm
Брзорастечки листопаден вид, кој е погоден за формирање на сенка во градината.
Погоден за кроење , и освен природната форма , крошната може да биде оформена и во различни форми.
Се користи за формирање дрвореди или во комбинација со други видови.
Се одгледува и на сончеви и на сенковити позиции
Цена: 180 ден.
Acer platanoides
Висина: 150 cm
Листопаден и многу издржлив вид.
Формира убава и декоративна крошна , па заради тоа често се среќава во многу градини и паркови.
Се одгледува на сончеви позиции и позиции во полусенка.
Цена: 180 ден.
Koelreuteria paniculata
Висина: 170 cm
Уште се нарекува и „Жолто дрво“ заради прекрасниот изглед на пролет кога е во полн цвет со убави жолти цветови.
Листопаден вид кој може да се одгледува и на сончеви позиции и на позиции во полусенка.
Цена: 180 ден.
Betula spp.
Висина: 170 cm
Листопаден вид кој често се среќава во урбаните градини.
Интересен и лесно прилагодлив вид кој може да се одгледува на скоро секаква почва и климатски услови.
Декоративен вид кој низ целата година ги разубавува градините.
Често се одгледува и како солитер кој формира убава сенка.
Цена: 180 ден.
Acer palmatum
Висина: 70 cm
Листопаден вид и еден од најчесто среќаваните видови низ урбаните паркови и градини.
Исклучително популарен вид заради својата декоративност и впечатливост.
Може да се одгледува и на сончеви и на позиции во полусенка.
Цена: 350 ден.
Prunus ceracifera Nigra
Висина: 175 cm
Црвената слива -lat. Prunus cerasifera ‘nigra’ e листопадно дрво, ислучително интересно и декоративно заради јаката црвена боја на листовите.
Во висина расте 7-9м. и формира густа крошна.
Се одгледува скоро на секакви позиции и не бара голема грижа.
Цена: 350 ден.
Salix babylonica
Висина: 170 cm
Идеален вид за формирање дрвореди и зелени појаси.
Растение кое не бара многу внимание а дава одлични ефекти.
Цена: 350 ден.
*Промотивните центи траат 12.02 – 16.02.2020г.
Среќни празници!