5 трендови за собни растенија кои ќе бидат актуелни во 2020
5 трендови за собни растенија кои ќе бидат актуелни во 2020
Во зимскиот период , најмногу внимание се посветува на собните растенија, па погледнете кои ќе бидат најактуелните трендови во 2020.
1.Растенија во јаки бои
Растенија во розова боја до неодамна беа тренд, а исто така видовме и дека растенијата, со прошарани листови со бели или сребрени линии , познати како ‘Varieghata ‘ беа фаворити.
Оваа година, актуелни се растенија со јаки, впечатливи бои, кои во домот ќе бидат забележливи.
Пример за вакви растенија се :
Maranta leuconeura, Codiaeum variegatum, Anthurium , Neorgelia Bromeliad…
2.Интересни сукуленти
Малите сукуленти се секогаш актуелни, па така и оваа година.
Ги има во многу различни варијанти, големини и бои, а нивното комбинирање дава многу интересен ефект. Освен што се убави, исто така се и многу едноставни за одгледување, речиси да не бараат воопшто внимание.
3.Групации од повеќе видови
Оваа година, внатрешните „мини џунгли“ се тренди. Постојат огромен број на комбинации кои можете да ги направите, во секаков простор.
Од „ мала џунгла “ во една саксија, до цела просторија со растенија , изборот е ваш.
4. Растенија како жив декор во домот
Овој тренд е постојано актуелен, години нананзад.
Кога во домот има растение, и да е барем едно, истото секако внесува живост и убавина во домот.
Сепак оваа годиина, актуелно е растенијата да бидат поставени како фокални точки во домот, на многу видливи места, наместо во позадинитте и на полици како што знаеме до сега.
5. Несекојдневни видови
Невообичаените растенија, кои не ги гледаме насекаде секогаш се интересни и уникатни.
Некогаш тоа може да биде и само друг вариетет од оние на кои сме навикнати или пак сосема нов вид.