5 трендови со растенија кои ќе бидат актуелни и во 2021
5 трендови со растенија кои ќе бидат актуелни и во 2021
5 трендови со растенија кои ќе бидат актуелни и во 2021
Собните растенија се во своето најсилно светло повеќе од кога било сега, можеби причината е поради фактот што многумина од нас поминуваат повеќе време во нашите домови.
Пополнувањето на вашиот дом со зеленило не само што го воздигнува вашиот стил на ентериер, туку исто така носи и придобивки за благосостојбата. Од прочистување на воздухот до помагање да се опуштите и да се чувствувате смирени, нашата приврзаност кон растенијата е повеќе од естетска и нема знаци на забавување на овој тренд додека се упатуваме кон 2021 година.
Погледнете ги 5те трендови со растенија кои ќе бидат актуелни во престојната 2021.
• Растенија со атрактивни и силни бои
Иако многумина од нас одат по бујните растенија од чисто зеленило со големи лисја, понекогаш на домот му треба само малку повеќе боја.
Без разлика дали вашиот стил е во светли неонски бои или во нежни пастелни, има растенија достапни во сите форми и големини за да ја разубават вашата зима.
• Интересни сукуленти и комбинации
Сукулентите се идеални за вашиот дом или канцеларија. Тие можат да ги толерираат условите во затворените простории подобро од другите видови растенија и ќе додадат живот на работните маси, како централни парчиња и покрај прозорите без големо одржување.
• Групации од различни видови растенија
Поставете ги растенијата во интересни групации, ќе се зачудите колку убаво изгледаат големи растенија во комбинација со помали видови како кактуси и сукуленти, дури и по некој зачин на Вашите полици.
• Невообичаени видови
Извондредни растенија со стебла што се сплетени, даваат вистинска изјава во домот и канцеларијата. Бонсаи е исто така одличен декоративен детал во просторијата.
• Растенија како жив декор во домот
Растенијата се свеж воздух во секоја просторија. Поставете ги на впечатливи, дури и на невообичаени места. Почуствувајте ја природата со секој чекор во комфортот на вашиот дом.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897