6 најдобри растенија според Фенг Шуи
6 најдобри растенија според Фенг Шуи
6 најдобри растенија според Фенг Шуи
Според експертите и традиционалните принципи на Фенг Шуи, зеленилото исто така може да ја промени и подобри енергијата во нашите домови и да промовира среќа.
Се разбира, некои растенија го прават тоа подобро од другите.



•Едноставно кажано, растенијата се живи предмети, кои можат да заживеат уморни, слаби или безживотни простори. Тие секогаш се менуваат и растат, и го разубавуваат просторот.
Растенијата го внесуваат дрвениот елемент во просторот, што е еден од петте главни елементи на Фенг Шуи.
Ова создава и ја поддржува енергијата на живописно здравје, раст и добро расположение.
Во прилог погледнете 6 од нив , кои веднаш ќе ја разубават Вашата секојдневна околина

1. Sanseveria cylindrica
Sanseveria cylindrica e растение чии листови се во форма на сабјa, може да послужи како заштитник и најдобро е да е поставена до влезната врата или голем прозорец.
Добро е и во канцеларија или домашна канцеларија бидејќи носи енергична, фокусирана енергија на просторот.
Избегнувајте поставување на Sanseveria во спална соба или во детски соби според Фенг Шуи.




2. Haworthia
Hawortia e мал вид сукулент кој додава заштитна или жива енергија на просторот.
Може да се одгледува на различни позиции како на полици, на маса, покрај прозорецот и да внесе мал акцент на елеганција.
Исто така е моќен прочистувач на воздухот.



3.Monstera deliciosa
Грандиозната Монстера нуди одлична релаксирачка Фенг Шуи енергија. Најдобро е да се постави во југоисточните или источните области на домот (областите за богатство и физичко здравје, соодветно на картата багуа).




4.Ficus benjamin
Ова е одлично растение за затворените простории и ќе напредува во областа на трпезаријата.
Слично на филодендронот, тој исто така нуди мирна, релаксирачка енергија и ќе донесе позитивност во југоисточните и источните области на домот.



5.Epipermnum
Epipermnum ,растение кое исто така е прочистувач на воздухот и може лесно да заживее и да ги разубави застојаните или заботавени области од Вашиот дом, како над кујнските шкафови или запуштените агли.
Вид кој е неверојатно лесен за одржување и ќе донесе позитивна енергија во домот дури и доколу заборавите да го полеете.




6.Aglaonema
Опкружувајќи се со само едно растении, дозволувате природата да ви помогне да се ослободите од стресот и да ја вратите смиреноста.
Крупниот и впечатлив раст на Аглонемата ќе Ви го овозможи ова веднаш
Според Фенг Шуи, позитивната енергија може да дојде од овој вид со своите меки лисја и елегантна форма.



Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897