Како да го претворите Вашиот дом во зелена оаза?
Како да го претворите Вашиот дом во зелена оаза?
Како да го претворите Вашиот дом во зелена оаза
Во домот не може никогаш да има премногу растенија.
Тие внесуваат живот во која било просторија во која се сместени.
Декорацијата со собни растенија го прави вашиот животен простор поудобен, по природен, а истовремено луксузен.
Улогата на домашните растенија за здрава клима во затворените простории е неспорна. Растенијата во саксии обезбедуваат жива атмосфера и можат да го трансформираат вашиот дом во зелена оаза.
Покрај нивниот свеж прекрасен изглед, растенијата можат да донесат придобивки за нашето здравје, бидејќи добро знаеме дека го прочистуваат воздухот околу нас.
• Одликувајќи се со мноштво на текстури, материјали и бои, начините на кои можеме да организираме собните растенија во денешно време се бесконечни. На полици и прагови на прозори, спуштени со јажиња или тенки жици од таванот, порамнети покрај каминот или на полица за книги – има многу решенија за нивно распоредување на интересен начин.
Тие носат енергија, го менуваат расположението и Ве бодрат да уживате повеќе во активностите во домаќинството.
Но како се можеме да ги искомбинираме во нашите домови за акцент на посебна визуализација?
Како фокални точки во големи простории, близу катчето за одмор или во празен ќош за да се постигне чувство на исолнетост.
До нашите омилени фотељи или пак во поинтимните предели од домот како што е спалната соба.
Ползавици за чувство на џунгла со само малку труд. Актуелни во каков простор и да ги поставите. Внесете автентичност и природен стил.
Поставете ги растенијата на полици и библиотеки.
Обидете се со помали видови, тоа ќе резултира со многу зеленило на мал простор и ќе го акцентира токму уметничкиот дел од вашиот дом.
Мали слатки сукуленти и кактуси се одлична декорација за сите соби во вашиот дом, особено што во можете да ги посадите во различни мали елегантни саксии кои ќе додадат на целосниот ефект на растението.
Внесете живот и во кујната. Мали зелени детали ќе придонесат топлина во најубавата семејна просторија во домот. Доколку имате простор, не играјте сигурно, поставете и голем вид кој ќе ја оплемени целата кујна.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897