Како да ја одгледуваш твојата Божиќна Ѕвезда!
Како да ја одгледуваш твојата Божиќна Ѕвезда!
Како да ја одгледуваш твојата Божиќна Ѕвезда
Атрактивната и декоративна- Божиќна ѕвезда
Растение кое во овој период од годината се наоѓа во сечив дом.
Euphorbia pulcherrima или народно познатата како Божиќна ѕвезда, растение кое е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празиници.
Саксиско растение кое ќе даде топлина и предновогодишна атмосфера во Вашиот дом.
Тие се симбол на добро расположение , пријателство, убавина и љубов.
Одвоивме неколку важни совети за правилна нега на Божиќните Ѕвезди
Божиќната Ѕвезда мора да се прилагоди на новиот дом
Кога ќе ја донесете дома, таа треба да помине низ процесот на аклиматизација.
Вообичаено просечната температура во просториите во становите и куќите не е помала од 23-24 степени Целзиусови, а растението е донесено од автомобил во кој температурата била 7, 8 степени.
Затоа, прво треба да го остават во ходникот час или два за да се аклиматизираат.
Не смее да биде во близина на извори на топлина и провев
Божиќната Ѕвезда е растение кое е доста нежно и чувствително.
Ова растение не сака да биде на место каде што има провев и каде што се отвораат и затвораат многу врати, како и каде што циркулира многу топол воздух од радијаторите или шпоретите.
Ваквите активности ја сушат влагата во воздухот, а тоа е спротивно од тоа што и треба, таа преферира влага.
Исто така, би било добро да не го преместувате растението низ вашиот дом.
Доколку го ставите на маса, би било добро да остане таму.
Внимавајте со полевањето
Кога станува збор за полевањето, обично се вели дека треба да се полеваат одоздола во тацната, но не е грешка да се стави вода во почвата директно.
При полевање важно е и водата во тацната да не стои долго.
Ова растение бара влага, но подобро е да го полевате почесто отколку да ја оставите водата да стои предолго.
Проверувајте на почесто почвата и така најдобро ќе процените колку вода ќе и биде потребна, кренете ја саксијата ако ви делува лесна, време е за полевање.
Како да ја направите Божиќната Ѕвезда повторно црвена
Додека остатокот од годината, кога листот и е зелен, може да издржи многу потешки услови, дури и да биде на провев, во периодот кога е црвена е најчувствителна и треба да го имате на ум.
Ако ги следите правилата, вашето растение ќе ве награди со тоа што ќе трае до следната година.
Во тој случај, најдобро е веднаш да дознаете како да ја поттикнете Вашата Ѕвезда повторно да поцрвене за следната празнична сезона.
Тоа е едноставно ако ги следите следните чекори.
Потребна е целосна темнина, 14 часа секој ден, почнувајќи од околу осум недели пред да сакате да ги прикажете.
Во текот на денот, на растенијата им е потребна силна светлина, заедно со другата рутинска нега.
Сепак, почнувајќи од вечерта, божиќните ѕвезди мора да добијат целосна темнина.
Дури и ноќна светлина може да го наруши овој процес!
Доколку се придржувате до правилата, ќе си ја вратите силната боја повторно за време на Божиќните празници.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897