Какви бенефити имаат собните растенија?
Какви бенефити имаат собните растенија?
Какви бенефити имаат собните растенија?
Природните растенија освен што го разубавуваат просторот исто така имаат и многу бенефити за нашето психичко и физичко здравје.
Нашите домови се простор каде што го поминуваме најголемиот дел од времето
Во овој период и се почесто нашите домови ги претворивме во работни простории.
Со внесување со само неколку природни растенија во Вашиот дом , можете да ја разубавите околината, да ја подобрите работната атмосфера и концентрацијата.
Во прилог неколку од многуте бенефити кои ги имаат растенијата.
И неколку примери за инспирација како и Вие да го разубавите Вашиот дом или работна просторија.
• Истражувањата покажале дека работата со растенија или работењето во околина во која има зеленило и растенија, може да го намали физичкиот и психолошкиот стрес. Растенијата можат да го изострат вашето внимание, да ја зголемат концентрацијата при работата и учењето, и да ја разубават работната околина.
Ова се потврдува со едно истражување кое покажало дека учениците кои учеле во просторија со вистински, живи растенија во училницата биле повнимателни и подобро способни да се концентрираат отколку учениците во другите групи каде што немало растенија и во оние каде што имало пластични растенија.
Погледот на градскиот парк може да го подобри расположението
и задоволството од работата на секој – но може да ве изненади како собните растенија може да имаат сличен ефект.
• Оние чиешто деловно опкружување вклучува природни елементи како што се собни растенија, чувствуваат поголемо задоволство од работата и поголема посветеност кон организацијата отколку оние кои не работат околу природните елементи.
Истражувањата велат дека природните елементи помогнале да се отстранат ефектите од стресот и анксиозноста во работата.
Истражувањата исто така откриле дека просториите со растенија имаат помалку прашина и мувла отколку просториите без никакво зеленило.
Листовите и другите делови на растенијата делуваат како природни филтри за фаќање алергени и други честички што се пренесуваат во воздухот.
• Грејните тела како печките и климатизерите можат да ја исушат влажноста во затворен простор, особено во зима.
Тоа може да ги зголеми шансите за настинка или грип.
Собните растенија додаваат влага во воздухот.
Едно истражување открило дека Chlorophytum може да ја зголеми релативната влажност во просторијата од 20% до 30%.
• Да имате растенија во Вашиот дом или канцеларија може да биде извор на задоволство. Градинарството во затворените простории го ублажува стресот, ја зголемува креативноста, продуктивноста и фокусот и го поттикнува закрепнувањето.
Постојат докази дека собните растенија можат позитивно да влијаат на квалитетот на воздухот и во вашиот дом.
Споделувањето на вашиот животен или работен простор со живите растенија, може да ја направи вашата околина посреќно и поздраво место.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897