Недела на цветни грмушки
Недела на цветни грмушки во Фоја!
Недела на цветни грмушки
За разлика од животните и инсектите, Ние го мапираме светот според боите и формите што ги гледаме.
Дали тоа значи дека сакаме цвеќиња затоа што сакаме силни бои? Или сакаме силни бои затоа што сакаме цвеќиња?
Нашето внимание е насочено кон она што се истакнува во нашите визуелни полиња, било да е тоа светкаво злато, луминисцентни бубачки или силно црвени цвеќиња.
Најчесто се одлучуваме за оние прекрасни повеќегодишни грмушки во градината од тие причини.
Но, има реална потреба да се направи простор за грмушка, бидејќи ова е најлесен начин да се обезбеди важна структура, мирис и боја во текот на целата година со грмушки од сите форми и големини – зимзелени, листопадни , со цветови или бобинки.
Грмушките се инструментален дел од екосистемот на секоја градина.
Тие обезбедуваат ниска сенка, ја подобруваат стабилноста на почвата, го подобруваат квалитетот на воздухот и создаваат живеалишта за опрашувачите. Се разбира, грмушките се исто така убави за гледање, особено кога избирате видови кои додаваат сезонски интерес на вашиот пејзаж.
Естетската вредност на грмушките е една придобивка што може да ве заштити од непривлечен дел од вашата градина.
Можете исто така да користите грмушки за да израснете бордура на приватност и да одделите една област од вашиот двор од друга.
Издвоивме неколку прекрасни грмушки за Вашата градина!
Spiraea Japonica, Омилената на пчелките
Нежна повеќегодишна цветна грмушка.
Интересна и декоративна, цвета во соцветија во текот на летото.
Со неа може да формирате интересни цветни бордури, или да ја посадите самостојно.
Во секој случај ќе го разубави просторот.
Едноставна за одгледување: бара само полевање и кроење.
Mоже да се одгледува на сончеви и позиции во полу сенка.
Gaura Lindheimeri, Љубителката на сонцето
Заради нивната бескрајна убавина, исклучителна издржливост и истрајност и многуте можни комбинации се глобално омилени .
Вид кој е број еден избор за исклучително сончеви позиции.
Безразлика дали се посадени во комбинација со други видови или пак индивидуално, изгледаат одлично.
А секоја следна година се уште поубави од претходната.
Weigela, Бујна цветна принцеза
Нема кој може да одолее на убавината и многубројните цветови на оваа цветна грмушка.
А пак нејзината издржливост и едноставност при одгледувањето , ја прави уште по привлечна.
Во саксии или дирекно во почва, во градината или на терасата, индивидуално или во комбинација со друг вид.
Можностите за одгледување се безброј, а нејзината убавина единствена во која и да е комбинација.
Одлично вирее и на многу сончеви позиции и го разубавува просторот долги години.
Oleander, Застапник на медитеранот
Повеќегодишна зимзелена грмушка, која со цветовите кои ги има во изобилие , потсетува на топлите медитерански лета.
Цвета во густи соцветија од Јуни до Септември.
Одлично издржува на многу сончеви позиции, бидејќи е сушоотпорен вид.
Дел од медитеранот и во нашите градини.
Еден од најдобрите пријатели на пеперутките, ароматичен мирис и впечатлива убавина, тоа е Вашата Лаванда.
Декоративен вид кој може да се искомбинира во безброј комбинации, а нејзините цветови ќе го оплеменат просторот и ќе внесат беспрекорна свежина во текот на целото лето.
Во нејзината убавина ќе уживате со години, во секој период од годината.Неколку групирани лаванди, или пак посадени покрај патеката во дворот, создаваат волшебна атмосфера на која ретко кој може да одолее.
Physocarpus Diablo, Чоколаден специјалитет
Брзорастечка листопадна грмушка со темноцрвена боја на листот кој ја прави попривлечна за одгледување.
Карактеристично кај оваа грмушка е тоа што без разлика дали ќе ја одгледувате на целосна изложеност на сонце или на полусенковите места таа нема да ја изгуби својата темноцрвена боја на листот.
Цвета од месец мај до месец јуни со бледо-розеви цветови.
Caryopteris ‘Little miss sunshine’, Контрасен детал
Омилената цветница на пчелите Листопадна грмушка, погодна за формирање ниски бордури, одлично се комбинира со други видови.
Цвета во текот на летото со преубави сини цветови, во изобилие.
Не бара голема грижа и внимание.
Се смета за медоносно растение бидејќи пчелите ги обожуваат цветовите кои ги има.
Abelia granfilora, Експлозија на бои
Цветна грмушка со компактна форма, која сака сончеви позиции, но толерира и делумна сенка.
Има долг период на цветање во текот на летото: цвета со убави, ѕвончести миризливи розови цветови, со портокалови цветни дршки.
Може да се крои во рана пролет со отстранување на постарите гранки, за задржување на посакуваниот облик и интензивирање на цветањето.
Budleja davidii, Пријателка на пеперутките
Спектакуларна летна боја од нежно миризливи, темно виолетово-розеви цветни конуси.
Брзо растечка грмушка која функционира добро како грмушка за бордури, растение со силен акцент како фокална точка, но исто така се вклопува во секоја позадина во различни комбинации.
Таа е идеална за одгледување во широк спектар на ситуации, на сончеви или полусенковити позиции.
Незаменливи меѓу грмушките, во светот на убави цвеќиња, овие елегантни растенија не само што се лесни за одгледување, толерираат скоро секаква почва и произведуваат изобилство цветови.
Хортензиите се одлични за низа градинарски места, од колективни насади, цветни бордури до посадени во саксии.
Стилски крупни цветови на прекрасна лисна маса.
Lagerstroemia indica, Возбудливи бои
Убави бујни цветови со силни бои кои ќе ве пленат.
Во градините со својот изглед ќе внесе свежина и контраст, исто така може да се насади како фокусно дрво во тревник или да се насади во групи од по неколку стебла со иста боја.
Како грмушка може да се одгледува во саксии па така претставува одличен избор за балкони или тераси кои се преку целиот ден изложени на сонце
Декоративна цветница со силна и впечатлива црвена боја на цветовите. Може да се огдледува на исклучително сончеви позиции или позиции во полусенка.
Се одгледува во саксии или директно во почва.
Добро познат вид кој често се среќава низ голем број од градините.
Syringa vulgaris, Мирис од детството
Нашата радост е поврзана со сетилото за вид и мирис кои најдиректно влијаат на нашето однесување и енергија.
Па затоа е тука Волшебниот мирис на јоргованот да ги разбуди сетилата и да внесе убава енергија.Јоргованот е цветна грмушка која со години наназад ги разубавува градините.
Со бујни соцветија кои ги има во изобилство во текот на пролетта.
Добро позната и омилен цвет на многу генерации.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897