Природни новогодишни орнаменти за Вашата Природна Елка и декор во домот!
Природни новогодишни орнаменти за Вашата Природна Елка и декор во домот!
Природни новогодишни орнаменти за Вашата Природна Елка и декор во домот!
Почуствувај ја магијата !
Божиќ и Новогодишните празници обземаат со чувство на удобност и зимска магија, и акт на декорирање со класичната длабока зелена, бела и палета на дрвени бои што го насмевнуваат срцето инспирирано од природата.
Иако Нова година може да биде празник кој е исполнет со многу производен отпад, сепак може да биде неверојатно лесно да се најдат и да се набават природни божиќни украси што ќе направат вашиот дом да го има чувството на зимска шума во земјата на чудата без да создава непотребен отпад.
Одвојуваме ⤵
Неколку идеи со кои целото семејство може да се вклучи во изработка на природни орнаменти и како особено децата да се израдуваат на одлично завршената работа .
Прекрасен аранжман од Шишарки
Ставете ги во прекрасен сад за централниот дел од масата што добро функционира дури и после Божиќ, или нанижете ги околу Новогодишната природна Елка или пак поставете ги под прозорец.
Зазеленете
Завиткајте едноставна свеќа со Шимшир, Зеленика, Еукалиптус, Лаванда или кое било друго зеленило кое лесно се наоѓа и прицврстете го со празнична декоративна лента или коноп.
Венци направени од свежи материјали
Венците се еден од најубавите начини веднаш да направите вашиот дом да изгледа малку попразнично (и внатре и на надворешната врата ).
Бидете креативни и одлучете се за комбинација од природно зеленило, сушено овошје и панделка за да ги направите вашите венци.
Зашеќерени орнаменти
Оваа година наместо шеќерните бастумчиња, имаме поздрава алтернатива, но и да внесете дополнителна боја на вашата елка, можете да пробате зашеќерени плодови или суви овошки за да ја украсите.
Декоративен приказ со гранки
Има нешто во шилестите гранки што даваат чудно чувство инспирирано од шумите – додадете сијалички и веднаш ќе бидете префрлени во земјата на самовилите.
Сè што ви треба е корпа или вазна, неколку големи гранки и, се разбира, бели или жолти светла.
Снегулки од гранчиња
Обидете се да склопите повеќе гранчиња со нивната неправилна форма да создадете снегулки, или пак врзете ги само со конопче и офарбајте ги бели и тие ќе го направат ефектот на мразулци по целата Елка.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897