Природни зелени огради- неопходен елемент во урбаната хортикултура
Природни зелени огради- неопходен елемент во урбаната хортикултура
Природни зелени огради- неопходен елемент во урбаната хортикултура
Природните зелени огради се од есенцијална важност во урбаната хортикултура.
За подигање на зелена ограда се користат растенија кои поднесуваат густо садење,често кроење, формираат густа крошна .
Имаат повеќе намени, со тоа што овозможуваат визуелна , звучна и хигиенска бариера.
Ги обележуваат границите на градината и се исто така добар декоративен пејзажен елемент.
Доколку сакате да подигнете жива ограда а не знаете како или пак кои се најповолни видови за таа намена, Тимот на Фоја ви одвојува 4 извондредни видови кои имаат одличен годишен прираст, така што и помалите садници за 2-3 години со правилна нега, ќе добијат убава компактна форма .
Правилниот избор на вид кој ќе биде одгледуван за подигање зелен ѕид е многу важен.
Изборот се одредува според повеќе параметри, во прилог погледнете кој од наведените видови е нај погоден за Вашата градина
Прв вид, ви го издвојуваме декоративниот Prunus Laurocerasus
Многу популарен зимзелен брзорастечки вид соодветен за подигање ограда, доколку не се одлучите за жива ограда од четинар,
Prunus Laurocerasus е одличен избор.
Вид кој ги заджува листовите големи, убави и сјајни преку целата година.
Му одговараат сончеви или полусенковити позиции, многу издржлив сушоотпорен вид, издржува ниски зимски температури и до -25°С и е отпорен на аерозагадување во градски средини.
Prunuѕ Laurocerasus има густа, компактна лисна маса, поради што најчесто се користи како жив ѕид и формира долготрајна, издржлива висока жива ограда која брзо се шири.
Се сади на растојание од 80-100цм.
Просечната висина е до 5-6м, а годишен прираст има до 50-60цм со редовно полевање и прихрана.
Толерира кроење, истото се изведува во доцна пролет и почетокот на летниот период.
Втор вид, ви го издвојуваме Cupressus Leylandii – Густиот и атрактивен чемпрес
Четинар кој е најбрзорастечки зимзелен вид за жива ограда.
Доколку се крои редовно, односно 2 до 3 пати во годината ќе создаде впечатлив формален темно зелен зимзелен екран и бариера за приватност.
Лејландот е исто така многу толерантен на високи температури до +40°С како и ниски температури до -20°С и силни ветрови.
Одлична придобивка е тоа што делува како звучна бариера и е најдобар вид за филтрирање на честичките кои го загадуваат воздухот од сообраќајот.
Просечна висина може да достигне до 5-6м, а годишен прираст со правилна нега и до 60-80цм.
Така што и при набавка на Cupressus Leylandii со помала висина, брзо ќе ја добиете посакуваната висина на садникот.
Трет вид, ви ја издвојуваме смарагдната кралица, Thuja Smaragd
Кога станува збор за силна форма на естетска убавина, природна компактна пирамидална форма, вид за густа жива ограда,за приватност Thuja Smaragd е видот кој се наоѓа високо на листата.
Растe брзо, густо и компактно.
Поради толеранцијата на сушата како и отпорноста на оштетување од мраз и снег и добро може да се спротистави на инсекти и болести, како и екстремни температури,овој вид е еден од најчесто употребуваните видови.
Овој зимзелен вид ја задржува својата емералдна зелена боја и уредна форма во текот на целата година.
Преферира сончеви до полусенковити позиции и може да достигне висина до 5-6м, но толерира кроење 1-2 во годината.
Има годишен прираст од 20-40цм со правилна нега и редовна прихрана.
Четврти вид, ви ја издвојуваме впечатливата Photinia Red Robin
Брзорастечки зимзелен вид кој е вистинскиот избор за жива ограда, а воедно ги задржува листовите дури и во зимскиот период.
Брилијантни црвени млади листови особено во пролет и есен и широки зелени листови преку целата година измешани со бели соцветија.
Претставува привлечна градинарска жива ограда особено доколку се крои 2-3 пати во годината, а со самото кроење ќе се зголемува густината.
Најповолно е да се сади на растојание од 80-100 цм, на сончеви до полусенковити позиции.
Фотинијата просечно може да достигне од 3-5м,а годишен прираст има до 30-40 цм со правилна нега и редовна прихрана.
Какви бенефити имаат природните зелени огради:
•Претставуваат природна бариера за приватност
•Заштита од аерозагадување, бучава, прашина.
•Прави совршена , густа приватност на вашата градина.
•Се обележуваат границите на градината
• Претставуваат декоративен пејсажен елемент
• Штитат од загадување и внесуваат чист воздух во просторот
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897