Со растенија до подобро расположение
Со растенија до подобро расположение
Со растенија, до подобро расположение
Видови за подобрување на расположението!
Според НАСА, растенијата во затворен простор можат да отстранат до 87% од токсините во околниот воздух и вода, за само 24 часа од влегувањето во домот!
Исто така, откриено е дека домашните растенија можат да го смират вашиот нервен систем, што во суштина значи дека тие можат да го намалат вашиот крвен притисок и да ви помогнат да се чувствувате помирни.
Зелената боја смирува.
Лиснати растенија со убава силна боја помагаат при замор и главоболка, а воедно има и огромен број докази кои сугерираат дека внатрешните растенија навистина толку позитивно делуваат и работат на тоа да го подобрат вашето расположение и да ја подобрат вашата благосостојба.



А сега..
Со задлабочувањето на зимата и претстојните понатамошни можни ограничувања, веројатно ќе поминуваме повеќе време во нашите домови.
Па затоа е толку важно да се фокусираме да останеме позитивни.
А најдоброто нешто е што овие растенија можат да помогнат.
Нема подобро време да го трансформирате вашиот дом во рај на растенија.
Тие ќе ви помогнат да се смирите, да спиете подобро – па дури и да бидете попродуктивни!
Обидете се, почнувајќи со само едно ново растение, не губите ништо
Ние ќе ви помогнеме при изборот, најдоброто за вас со најефикасните растенија за подобро расположение !

Ficus Elastica
Служејќи како природен навлажнувач на воздухот, овие растенија не само што изгледаат добро, туку се лесни за одржување и можат да направат да се чувствувате подобро во целина. Време е да го оплемените домот со нив.




Пробајте Сансевиерија – потребна им е минимална грижа, но навистина може да помогне да се подобри вашата благосостојба бидејќи додаваат влага во воздухот и ослободуваат кислород.
Интересно е што тие се нај пребаруваното растение на интернет за време на карантинот.




Spathiphyllum
Oвие растенија не само што ги впиваат спорите на мувла во воздухот, тие, исто така ја апсорбираат сопствената вода пред да ја пуштат назад во нивната околина – и преетставуваат одлични прочистувачи и природни навлажнувачи на просторот.




Monstera
Лесно можат да го покачат нивото на вашето расположение.
Тие го прочистуваат воздухот, правејќи го вашиот дом по здраво место
Поставете ги подалеку од директна сончева светлина, но сепак овозможете им природна светлина и дозволете им со својата грандиозност и убавина да го разубават просторот.




Cactus
Ниту една листа на домашни растенија не би била комплетна без скромниот кактус!
Како и многу други растенија на оваа листа, со поставување на само еден мал кактус на Вашето работно биро , ќе внесете мал дел од природата па дури и ќе ве направи попродуктивни – идеално ако работите од дома!




Phalaenopsis
Растение за зајакнување на вашето ментално здравје е класичната, многу сакана Орхидеја.
Освен што го подобруваат вашето расположение, Орхидеите можат да ви помогнат да се опуштите и да се чувствувате помалку под стрес. Нивните воодушевувачки цветови во разни бои и форми се оние кои ги исполнуваат овие цели.




Anthurium
Не можете да не се насмеете на глетката на ова прекрасно раскошно и долгоцветно растение.
Силно црвени сјајни цветови за радост во домот.




Многумина ги сметаат овие растенија за среќни, бидејќи се вели дека нивното сјајно, зеленило претставува богатство, стабилност и раст, па како може да не ве расположи ваков факт?




Nephrolepis
Ова растение одлично го филтрира воздухот, отстранувајќи до 1863 токсини на час.
Тоа е дефинитивно нешто што може да ви помогне и да ви даде мир на умот.



Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897