Spathiphyllum-еден од најдобрите прочистувачи на воздухот
Spathiphyllum-еден од најдобрите прочистувачи на воздухот
Spathiphyllum-еден од најдобрите прочистувачи на воздухот
Спатифилумот симболизира мир, просперитет, спокој, солидарност и прочистување.
Исто така припаѓа на групата природни прочистувачи на воздухот и е еден од најдобрите прочистувачи.
Бидејќи може да го прочисти воздухот во просторијата дури до извондредни 60%.
На нашите региони ова растение е познато како ‘Женска среќа ‘.
Според Фенг Шуи, ова растение ги балансира сите енергии, односно ги претвора негативните во позитивни енергии. Па затоа се препорачува да се постави растението во домот или на работно место.
•Покрај тоа што се убави и елегантни, Спатифилумот е корисен и за здравјето.
Спатифилумот е еден од најдобрите прочистувачи на воздухот во просторот.
Ги отстранува штетните токсини, имено сè, од амонијак и формалдехид, до бензен и трихлороетилен. Може да го прочисти воздухот во просторијата дури до извондредни 60% .
Освен што важи за ефикасен прочистувач, се верува и дека на девојките им носи среќа и здравје во целиот дом.
Овие растенија преферираат делумно филтрирана светлина и можат да толерираат флуоресцентни светла. Пожолтените лисја покажуваат дека светлината е премногу силна, а кафените листови или ленти на листовите означуваат горење од директна сончева светлина. Размислете за позицијата, поставете го растението на доволна одалеченост од прозорецот свртен кон север или запад.
Ако се прашувате колку често да го наводнувате Вашиот Спатифилум, една од најголемите предности во грижата за ова растение е фактот дека тој малку се собира кога му треба вода, што во суштина ви кажува кога е жедно.
Во принцип, вода барем 1 неделно и одржувајте ја почвата влажна.
Наводнувајте го поретко во зима.
Спатифилумот е одлично собно растение затоа што успева во затворените температури во кои уживаат повеќето луѓе.
Најдобро е да ги чувате во затворен простор поголемиот дел од годината и да се поставени на позиција подалеку од грејни тела.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897