Што кажуваат за тебе растенијата кои ги имаш во домот?
Што кажуваат за тебе растенијата кои ги имаш во домот?
Што кажуваат за тебе растенијата кои ги имаш во домот?
Растенија поврзани со карактерот!
Кога вашите растенија би можеле да зборуваат, што би рекле?
Можеби ќе се изненадите колку можат да ве издадат.
Продажбата на собни растенија порасна за време на пандемијата COVID-19, веројатно една од причините е тоа што многумина од нас поминуваат повеќе време дома.
Растенијата ги оживуваат нашите затворени простори, го намалуваат стресот и се забавни за одгледување.
Освен што не задолжија да се занимаваме со нив особено во карантинските денови, тие ни го разубавија просторот и ни ги оттргнаа мислите барем и за момент од сите случувања во светот.


Вашите растенија исто така можат да откријат особини за вас и вашата личност.
Се верува дека повеќето од нас спаѓаат некаде на скалата од пет „Главни особини на личноста“, кои вклучуваат согласност, екстравертност, отвореност, совесност и невротичност.
Oдредени растенија се совпаѓаат со различни особини на личноста.

Невротични
За повеќето невротични луѓе, на пример, грижата за растенијата може да биде на второ место, што е и разбирливо, бидејќи грижата за себе ја ставаат пред се.
Доколку ова звучи како вас, растенијата кои бараат мало одржување, како што се сукулентите и Sansevieria веројатно се вашите најдобри пријатели.
Сепак, попредизвикувачките растенија, како што се Ficus Lyrata, исто така можат да се усогласат со невротизмот, бидејќи не толерирате ништо помалку од најдоброто.

Екстроверти
Екстровертите често уживаат во растенијата на кои им треба многу грижа и ги одгледуваат како „начин да ги исполнат нивните потреби за да останат активни и зафатени“.
Екстровертите често сакаат да одгледуваат Dracaena Fragrans.
Ова е растение има силен карактер, а неговиот изглед се издвојува во толпата, како оние со висока екстровертност.
Dracaena видовите можат да преживеат различни услови, но најдобро напредуваат на силна светлина и повремено наводнување.

Мирни
Смирените луѓе гравитираат кон Hedera Helix, Epipermnum .
Овие луѓе генерално сакаат да им помагаат на другите.
Согласноста значи и да се биде внимателен и дарежлив.
Доколку некогаш сте поседувале Epupermnum, тогаш ќе знаете дека ова е растение што е многу приспособливо, бидејќи може добро и при слаба осветленост и не треба често да се наводнува.

Совесни
Aloe Vera е омилена за совесните луѓе кои се стремат кон извонредност, но сепак остануваат претпазливи во својот избор.
Вакво растение кое не бара особена нега како Алоето, може да им помогне да се чувствуваат успешни.
Совесните луѓе обично ја одржуваат навиката, и не престануваат да се грижат за своите растенија.

Отворени
Растенијата кои растат и се прилагодуваат на секакви услови, како што се кактусите, сукулентите и Chlorophytum, се поврзани со отвореноста.
Хлорофитум растенијата се познати по нивната способност да се справат со стресот и растат во широк опсег на средини.
Слично на него, на сукулентите и кактусите не им треба многу за да бидат среќни.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897