Што со природните новогодишни елки?
Што со природните новогодишни елки?
Што со природните новогодишни елки?
Имавте природна новогодишна елка?
Откако ќе завршат празниците сигурно се прашувате што со природните новогодишни елки?
Овој период е одличен да ја посадите во градината.
Елката со непроменет, односно не оштетен коренов систем не само што ќе го задржи својот убав изглед во текот на целата празнична сезона, туку може да се засади откако ќе ги исполни своите празнични функции и да направи одличен додаток на секоја градина, дури и ако повеќе не е украсена со силни сијалички, убави лапмпиони и разни декорации.
Природните елки кои во текот на празниците ги украсуваат нашите домови, сега имаат уште една намена:
Ќе ги разубавуваат градините и ќе станат уште еден природен филтер во природата, кој ќе ни овозможи поубава и почиста околина.
Можеби повикувањето како “Новогодишна елка” повеќе не би било соодветно всушност таа ќе си го врати своето вистинско име Picea Abies.
Oсвен што ќе сакате да го научите нејзиното име, исто ќе ги осознаете придобивките од засадување на новогодишната елка:
•Може да дејствува како бариера од ветер;
•Таа обезбедува летна сенка;
•Дрвјата секогаш ја зголемуваат вредноста на имотот;
•Тие исто така ви помагаат да се справите со загадувањето и се одлични прочистувачи
•Ја намалуваат бучавата – дрвјата имаат скоро ист ефект како и камените sидови при придушување на урбаната бучава.
Како да ја засадите?
Осигурете се да изберете сув ден кога земјата не е замрзната или полна со вода.
Доколку не сте ископале претходно дупка во градината во потоплото време, не се секирајте, оваа зима е блага со што ни овозможува подолг праг на садење.
Наводнете го дрвото навистина добро за да ги хидрирате корените и да го олесните отстранувањето од саксијата.
Ископајте дупка малку поширока од коренот и извадете ја садницата од саксијата.
Засадете го дрвото во дупката, осигурувајќи се дека ја имате точната длабочина.
Коренот и стеблото не треба да се закопуваат подлабоко во земјата отколку што биле во саксијата.
Пополнете ја дупката со почвата и наводнете ја добро, не заборавајте да ја одржувате хидрирана.
За најдобри резултати, ставете органска прекривка,( мулч, декоративни дробени шишарки, дрвени струготини…) околу основата на дрвото и внимавајте на влагата на почвата околу неа.
Ова ќе овозможи дополнителна заштита на коренот, ќе ја одржува влагата , ќе ја намали можноста од смрзнување на вишокот на вода, и дополнително има додатен декоративен елемент.
Со секоја елка придонесуваме кон мала промена.
Ја приклучуваме оваа традиција за садење на живи Новогодишни елки.
Природната елка која во текот на новогодишните празници беше домашен декор , сега ќе претставува нов филтер во природата.
Исто така, и следните години ќе можете да ја украсите во градината.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897