Thuja Smaragd – многуте бенефити на смарагдната кралица
Thuja Smaragd – многуте бенефити на смарагдната кралица
Thuja Smaragd – многуте бенефити на смарагдната кралица
Thuja Smaragd е сјајно емералдно-зелен вид зимзелени дрвја кои што успеваат одлично и со минимална грижа.
Без разлика дали барате елегантен акцент за вашата градина, силна форма на естетска убавина или густа жива ограда за приватност, адапибилната Thuja Smaragd е совршениот избор.
Овие видови растат брзо и откако ќе се закоренат во почвата, ја задржуваат својата форма, еластичност и боја во текот на целата година.
Уште подобро – тие можат да толерираат суша, како и екстремни високи и ниски температури. Исто така растат добро во различни видови почва.
Кога расте под идеални услови, Тујата може да опстојува одлично во градината, многу години.
Во прилог погледнете ги многуте бенефити на смарагдната кралица
Ви издвоивме неколку причини зошто треба да засадите Thuja Smaragd:
•Растат брзо и се приспособуваат на условите во било кој двор поради толеранцијата на сушата како и големата отпорност.
•Без кроење формира густа и правилна пирамидална форма.Иако со повременото кроење се зголемува густината.
•Прави совршена , густа приватност на вашата градина.
•Ќе се заљубите во брзорастечката убавина на растението.
•Има меко зеленило кое одржува длабока зелена боја во текот на целата година.
•Совршени за жива ограда во големи простори како и во мали градини.
Thuja Smaragd има исправена колумнарна форма, што ја прави прв избор особено за малите компактни градини.
•Изгледаат фантастично во аглите од Вашиот двор.
•Неопходна за вистински акцент на професионален дизајн.
•Зголемете ја вредноста на имотот. Овој вид брзо ќе созрее така што ќе имате инстант приватност во вашата градина, со што ќе ја подобрите вредноста на вашиот дом.
Неколку примери како можете да одгледувате Thuja Smaragd:
Во саксија
Во комбинација со други видови.
Одлично можете да ја искомбинирате со цветни перени, грмушки, сезонски цветници или други зимзелени садници.
Во саксија
Индивидуално
Поставете ја како фокална точка, во градината, на терасите, пред влезовите… ќе го оплемени и разубави просторот.
Зелена ограда
Форимира густа и прекрасна зелена ограда
Повеќегодишно зимзелено растение кое расте најдобро на сончеви позиции и позиции во полусенка.
Избегнувајте садење на целосна сенка, бидејќи ова значително ќе ја намали густината и правилниот раст на зеленилото.
Thuja Smaragd e вид кој има природна компактна пирамидална форма и успева да порасне и до 5-6м, добро поднесува кроење.
Се кори 1-2 пати годишно + редовна нега, се полева 3-4 пати неделно, во летниот период секојдневно.
Може да се одгледува и во саксии, но и директно во почва.
Погледнете го големиот асортиман и одберете го Вашиот омилен вид
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897